Носталгија за Чајничето

Поранешната учителка Љубица Мицевска чија судбина сакала да биде ќерка на еден од првите железничари во Охрид, но исто така и сопруга на железничарот Слободан, раскажува за времето кога градот имал  железничка пруга.

 |  Валентина Неловска  | 
cajnice
чајниче

Поранешната учителка Љубица Мицевска чија судбина сакала да биде ќерка на еден од првите железничари во Охрид, но исто така и сопруга на железничарот Слободан, раскажува за времето кога градот имал  железничка пруга.

Ljubica micevskaЖелезницата била изградена со сите нишани, со убава ниска станица, канацларии, две чекални, ложилница, посматрачница. Станицата со пропратните објекти била сместена на просторот околу сегашната дискотека Калео. Тетка Љубица, ќерка на првиот железничар, охриѓанецот Сандре Нане,  во спомените се навраќа на самите почетоци за  градбата на железничката станица. Иницијатор бил  германски инжинер кој бил фасциниран од убавините на Охрид, ама и од крајно лошата патна инфраструктура. Во тоа време  побогатите охриѓани најчесто патувале со пајтони, а посиромашните со покриени коњски коли. Германецот во 1919 година иницирал да започне градењето на железницата раскажува Мицевска, а била пуштена во употреба во 1922 година. На почетокот од 20 век, железничката линија била трасирана со помош на магаре и заради мошне стрмниот терен пругата  била широка само 60 см. Железничката линија се протегала по сегашната улица Железничка, поминувала покрај Подмоље, Дебрца, Кичево па се до Ѓорче Петров во Скопје. Возот, популарно наречен Чајниче влечел  5 вагони и 5 класи затоа што теренот бил многу стрмен посебно кај планинскиот превој Пресека вели тетка Љубица. Возот се движел со 15 км на часа, а  до Скопје се патувало цели 24 часа. Покрај патничкото вовче, имало и теретна локомотива кој превезувала дрва, песок, живина, стока, а и кошови со надалеку познатата охридска цреша. Со носталгија тетка Љубица додава иако мало вовчето вршеше голема работа.

Cajniceto

Прв управувач на возот бил охриѓанецот Перо Писин, а железничари и скретничари биле Сандре Нане, Паско Пендик, Коле Грчко раскажува тетка Љубица според сеќавањата  на нејзиниот татко и мајка. Во прво време вработените биле надничари, за подоцна да станат државни службеници.

Вовчето во текот низ времето имало убави и лоши моменти. Во поранешното Кралство Југославија железничарите како свој ден го славеле 3 јуни, „Св Константин и Елена“, кога се одржувал свечен верски ритуал. Подоцна по 2 светска војна Железницата го  славела како свој ден 15 април. Во периодот на 2 светска војна, за  време на бугарската окупација, возот не функционирал.

Желензицата во Охрид била во употреба се до 1968 година кога Македонски желензици заради загуби носи одлука желензицата да се затвори. Со тага во гласот тетка Љубица вели сите жалевме што се растури железницата.

Денес само името на улицата Железничка наговестува дека на ова место некогаш Охрид пред 5 децении имал железница. Сега единствен нем сведок за тоа е малиот железнички магацин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top