Носењето на Урбанистичките планови легално

Постапката на донесувањето на Предлог деталните урбанистички планови во Охрид е во целост легална, објаснува првиот човек на урбанизам Бранко Арнаудов. Промените во нацрт деталните планови, по кои тие се разликуваат од предлог урбанистичките планови, се нормална работа, додава тој.

 |  Крсте Голабовски  | 
седница
седница

ArnaudovДонесувањето на Предлог деталните урбанистички планови е легално, тврди раководителот на Секторот за урбанизам, заштита на животна средина и комунален развој, Бранко Арнаудов . Разлики помеѓу НДУП и ПДУП мора да има, додава Арнаудов. Затоа НДУП и се ставаат на јавна анкета. Со ова Арнаудов ги демантира и гласините кои започнаа низ охридската чаршија, а завршија на почетокот од 41-та седница, кога и советниците од ВМРО-ДПМНЕ реагираа по ова прашање.

„Проблемот што го воочивме и на комисијата за урбанизам е многу сериозен. Имено воочивме дека НДУП, со конечните урбанистички планови кои се донесуваат пред гласање имаат сериозни разлики. Разликите можно е да потекнуваат од јавната анкета, можно е да потекнуваат од мислењето на Мин. За транспорт и врски, но никаде не постои извештај од јавната анкета и ресорното министерство да видиме дали НДУП се идентични со она што се става пред маса да се гласа.“ вели Паноски.

sednicaШто се однесува до обвинувањата кои се однесуваа на недоставувањето на извештаите од работењто на комисиите за урбанизам, Арнаудов објаснува дека согласно процедурата отаму не се должни извештаите да ги доставуваат до советниците. Меѓутоа тоа не е пречка, па до колку се побара од нив тоа и ќе го сторат. НДУП е првата фаза од планот кој се носи согласно Законот за урбанистичко и просторно планирање . Него го утврдува Советот на О. Охрид по претходно мислење на изготвена планска програма од страна на комисија формирана од страна на градоначалникот.  По донесувањето на Нацртот истиот се става на јавна анкета и презентација. Тоа е причнината поради која не може да бидат исти Нацртот и Предлог урбанистичкиот план. На таа јавна расправа се дава можност на сите физички и правни лица и сите други релевантни институции кои треба да бидат вклучени во носењето на УП со свои сугестии, предлози и мислења да се вклучат во донесувањето на планот.На презентацијата која се одржува и во усна и во писмена форма и врз основа на тие предлози, комисија формирана од претставник на изработувачот, еден надворешен претставник и еден претставник од општината сите со овластување за планирање, кое го издава Комората за овластени архитекти и инжинери ги разгледуваат сите предлози и анкетни листови доставени во писмена форма. Потоа од страна на комисијата по разгледувањето се изготвува извештај во кој е дефинирано кои анкетни листови се прифаќаат или не или пак делумно. По изготвувањето на извештојт комисијата до колку утврд дека врз основа на настанатите промени во нацртот и дека промените со прифатените анкетни листови се во поголем обем, истиот повторно се става на јавна анкета. По завршувањето на оваа фаза со сите мислења на МВР, Министерство за животна средина, Министерството за култура, со сите документи се изготвува предлог план кој се доставува до МТВ за да се добие согласност на тој урбанистички план. Таму прво се разгледува дали е запазена процедурата, доколку е запазена го разгледуваат од стручен аспект. НА крај од Министерството за Транспорт и Врски се испраќа известие дали е дадена согласнот или не за одреден предлог детален урбанистички план во кое на крајот стои дека по постапувањето и отклонувањето на наведените забелешки по предлог планот може да продолжи постапката за донесување на планот согласно законската регулатива, објаснува Арнаудов и додава дека простор за манипулација и криминал нема.

„Јас не знам дали има политика или пазарење не знам. Знам дека плановите кои ги донесуваме до советот било во или во нацрт, предлог мораме да ја запазиме постапката, зошт о имаме конторла од страна на Министерството и до колку тој план не е согласно законот и правилниците донесен Уставниот суд има право тој план да го укини или да го поништи.“ вели Арнаудов.

Целосната документација останува во Министерството за транспорт и врски, додека во општината останува синтезниот план, кој мора да биде  идентичен, со предлог планот за кој министерството дало согласност, објаснува Арнаудов. И покрај вакви исцрпни објаснувања, се поставува прашањето, дали при конечното донесување на урбанистичките решенија пресудно сепак е пазарењето помеѓу одредени субјекти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top