Конечно ќе се реши проблемот на жителите на селото Лескоец

Жителите на селото Лескоец сеуште не се приклучени на канализационата мрежа.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Leskoec
Лескоец

Жителите на селото Лескоец сеуште не се приклучени на канализационата мрежа.

Од „Проаква“ кажуваат дека се е направено само се чека одобрение за прекоп од Републичкиот фонд за патишта. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски вети дека работите ќе ги преземе во свои раце па за една недела ќе се реши проблемот.
Лесковчани негодуваат, сеуште не се приклучени на канализационата мрежа. Од „Проаква“ кажуваат дека се е направено само се чека одобрение за прекоп од Републичкиот фонд за патишта. Имено главната канализациона цевка треба да помине под регионалниот пат Охрид-Битола, а за вршење вакви градежни работи зелено светло треба да даде државата. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски вети дека работите ќе ги преземе во свои раце па за една недела ќе се реши проблемот.

LeskoecЈанакиевски се пофали дека Владата  распредели 300 милиони денари на 61 општина за изградба на водоснабдителни и канализациски системи. Парите, во вид на капитални дотации, ќе бидат префрлени на посебна, наменска сметка на општините за изградба на проектите со кои конкурирале до Министерството за транспорт и врски. Доделените средства, општина Охрид ќе ги искористи за изградба на канализационата мрежа во Болнички комплекс. Од Локалната самоуправа велат дека средствата се малку но подобро од ништо.
Пари за изградба на водоснабдителни и канализациски системи  ќе добијат и општините Дебарца и Струга.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top