Ноќеска започнува зимското сметање на времето

Ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Ќе добиеме час повеќе за спиење, но и пократок ден.

 |   | 

Ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Ќе добиеме час повеќе за спиење, но и пократок ден.

Последниот викенд од октомври секоја година носи новина и во сметањето на времето. Ноќеска во три часот по полноќ стрелките на часовникот се враќаат еден час претходно на два часот.

Нова промена на времето ќе има последниот викенд од март кога почнува летното сметање на времето. Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ засега нема донесно конечена одлука до кога ќе се поместуваат стрелките на часовникот. Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Промена на сметањето на времето нема во Јапонија, Кина, Јужна Кореја и во африканските земји.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top