Нивото на водата во Охридското Езеро е под просекот за месец октомври

Подолг период нивото на Охридскотo Езеро е намалено, односно е под дозволената кота за овој период од годината. Од Министерството за земјоделие шумарство и водостопанство велат дека ќе преземат соодветни мерки, додека пак екологистите апелираат да не се користи езерото како акумулација на електроенергетскиот систем на Македонија.

 |  Николоска Биљана  | 

Нивото на водата во Охридското Езеро е под просекот за месец октомври. Просекот за овој период е 11 сантиметри повеќе од минималното ниво и според Управата за хидрометеоролошки работи денешната кота на нивото на езерото изнесува 693.20 , што е за три сантиметри над природната кота од 693.17 метри надморска височина. Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски неодамна најави дека ресорното министерство заедно со Владата ќе ја разгледува состојбата со нивото на Охридското езеро.

„Во претходиот период бев и во посета на Охрид особено заради овој проблем и навистина како Влада ќе ги преземеме сите ингеренции кои што ги имаме. Министерството е активно и во тој дел и по согледување на сите анализи ке излеземе со конкретни предлози и и решенија. Она што се наши надлежности се преземени во целост. Владта е информирана за сиите други аспекти во делот на сите езера во РМ“.

Наглото спуштање и подигање на нивото на Охридското Езеро предизвикува и еколошки штети. Еколозите со години предупредуваат најстариот природен басен да не се користи како акумулација на електроенергетскиот систем на Македонија.

Потребна е прекугранична соработка бидејќи ние езерото го делиме со Албанија, така што мошне е битен нивниот фитбек во однос на мерките кои што се преземаат од наша страна. Пред се мерките се однесуваат на регулација на нивото на езерото кај Црн Дрим, проблем кој стои со години, над 50 години кога езерото се користи за жал како акомулација на електроенергетскиот сиситем на Македонија и во тој поглед потребни се голем број на разговори и преговори со албанска страна за да се усогласат и методите за мониторирање на езерото но и поголема соработка“.

Од ЕЛЕМ смируваат, велат будно ја следат состојбата со Охридското езеро. Нивниот став е дека намаленото ниво на езерото е поради подолгиот сушен период. Тие очекуваат пораст на езерското ниво со дождовите кои метеоролозите ги најавуваат деновиве.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top