Состојбата со нивото на Охридското езеро сеуште е сериозна

Од Центарот за управување со кризи ги превземаат сите мерки за да се стабилизира водостојот на езерото. Од таму очекуваат во наредните денови нивото да се намалува.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ezero
езеро

Состојбата со водостојот на Охридското езеро сеуште е сериозна. Денес тој изнесува 27 см над дозволената максимална кота. Ваквите хидролошки проблеми траат веќе неколку недели, а се резултат на обилните врнежи, велат од ЦУК. ezero Критични точки на охридското крајбрежје се населбите кои имаат мал заштитен појас и при мало влијание на јужниот ветар претрпуваат оштетувања. Тука спаѓаат населбата Канео, брегот од источниот дел од езерото, Радожда како и централниот дел на Струшката ривиера. Митко Темелковски, раководителот на регионалниот ЦУК вели дека се превземени сите мерки за намалување на нивото на езерото. Денес коритото на реката Сатеска се пренасочи во Црн Дрим и со тоа се растерети езерото.

Од ЦУК кажуваат дека слична ваква состојба со водостојот на езерото имало и во 2010 год. кога некои делови од охридското крајбрежје беа поплавени, но додаваат дека овојпат се поподготвени за ваквото ниво на езерото.

Темелковски вели дека состојбата со речните корита е задоволителна и дека сите се навремено исчистени и регулирани па поради тоа и не дошло до излевање на оние места кои во минатото биле критични како Орман, Сушица, Сатеска и др. Раководителот на регионалниот ЦУК  кажа дека неопходно е конечно да се  формира долгонајавуваната Агенција за управување со водите и водните биланси бидејќи треба забрзано и правно и практично да се регулира оваа проблематика и точно да се знае во кои услови како треба да се делува. Од ЦУК очекуваат состојбата со нивото на езерото пополека да се нормализира бидејќи до сабота не се предвидуваат пообилни врнежи од дожд.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top