• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Ниту законот не ги натера комуналците да постават канти за отпад по охридската чаршија

Ниту законот не ги натера комуналците да постават канти за отпад по охридската чаршија

Јп „Комуналец“ сеуште нема поставено садови за отпад по охридската чаршија иако на тоа го обврзува Законот за јавна чистота кој стапи на сила пред една недела.

 |  Лионела Јаковлева  | 
korpa za otpadoci
korpa za otpadoci

Јп „Комуналец“ сеуште нема поставено садови за отпад по охридската чаршија. На тоа го обврзува Законот за јавна чистота кој стапи на сила пред една недела. Според најавите на премиерот Никола Груевски од денес започна ригорозна примена на овој закон, но општина Охрид сеуште не е подготвена за негово спроведување. Од „Комуналец“ велат дека тие располагаат со потребните садови, почнувајќи од контењери , канти за отпад и корпи за селектирање на отпадот. Се чека локалната да одреди на кои локации ќе бидат сместени.

sovesen graganinБоро Павлоски, директорот на „Комуналец“ вели дека градските архитекти треба да понудат локации каде ќе бидат поставени садовите за отпад, а посебно треба да се изнајде добро решение за контењерите за кои допрва треба да се градат посебни џепови како не би сметале на одвивањето на сообраќајот.

Инаку Законот за јавна чистота предвидува казни за сите прекршители било да се физички или правни лица и тоа во висина од 50 па до 2000 евра. Бидејќи тој е правосилен има законска основа сите кои не го почитуваат да  бидат санкционирани. Но, општинскиот инспекторат не може да го спроведува бидејќи нема комунални редари. Останува да видиме дали и овој ќе е еден од законите кој само е донесен, но не и спроведен.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top