Орото за Гинис во Охрид се случи или не, помина. Охриѓани, бројните гости и учесници крајно беа разочарани од организацијата и коментираа дека настанот бил катастрофално организиран и доживеал вистинско фијаско. Само организаторите тврдат дека орото за Гинис успеало и го одиграле 7000 илјади луѓе на потегот кај Подмоље помеѓу двата града.
Вистински дебакл се случи со македонското оро за Гинис. Охриѓани, бројните гости од земјава и од надвор, во Охрид на градскиот кеј повеќе од еден час чекаа за да видат дел од орото, а некои и да заиграат. Но од се тоа ништо. Помпезните најави на организаторите паднаа во вода, велат граѓаните, а дел од нив беа разочарани и коментираа дека најголемото оро за Гинис никој не го видел.
„Немаше оро само наредени луѓе што се држевме за рака друго немаше. Значи минус за организаторот и ова е еден голем срам. Имаше деца од Турција во носии, од Албанија, доста наши облечени во носии што се радуваа и очекуваа дека нешто ќе се случи, но, не се случи ништо. Овој организатор да го исфрлат, не заслужува понатака да преземи за градот да води, мое мислење. Јас од Скопје дојдов заради ова оро овде и нажалост се разочарав, јас незнам кој е организатор но на организаторот треба да му се напише голем минус и треба да се припреми добро да организира некоја работа од државно ниво, како што најавија дека ова ќе биде оро за Гинис а испадна оро од 200-300 метри. Разочаран сум и да не се повтори , организаторот да извлечи поуки и да нема повеќе вакви промашувања. Наместени беа овде но оро со музика немаше – коментираат граѓаните.
Сепак, Насер Хот од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот тврди дека орото успеало. Иако првично беше најавено дека 18000 луѓе ќе го играат орото од Мостот на поезијата во Струга до Инекс Горица во Охрид, тие велат дека имало 7000 луѓе кои играле на потегот кај Подмоље односно на средина меѓу двата града.
„Орото беше во низа, орото е документирано она што треба да го доставиме таму, ние имавме една оптимистичка варијанта да собориме еден друг рекорд кој кинезите го имаа од 17 200, меѓутоа тоа е кинеско оро. Ние добивме услов да учествуваме во категорија од 2 500 луѓе а имавме желба да направиме и од кинезите поголемо. Идејата беше да се спојат Охрид и Струга во едно оро, вака беше на средина. Тоа што не игравме во Охрид е моментално прашање ќе играме за некој месец или за некој ден еве добро ни оди оваа варијанта ќе ги поканиме и странциве, цела линија малку е проблематична – изјави Хот.
Учесницте, барем оние кои дојдоа за да играат на орото за Гинис очекуваа многу, а си заминаа како што се вели во народот „дотерани, нецеливани“. Литванците и бугарите кои ги анкетиравме задоволни се од убавината на Охрид и со нетрпение очекуваа да заиграат на историскот оро за Гинис.
„Дојдовме од Литванија во Македонија да танцуваме. Ќе останеме три дена“.
„Јас имам девет години се викам Викторија Велјаноска живеам во Охрид. Почнав да играм од 8 години и така ја засакав играорната. Ние денеска ќе играме за гинисово оро. Се подготвувавме 1 месец. Ние сме од Отекс Охрид. Ќе настапуваме за да го срушиме гинисовиот рекорд“.
Доаѓме од Бугарија, Пловдив. Во моментов децата се многу радосни дека гостуваат тука и се на најдолгото оро за Гинис специјално за тоа денес вежбавме пола саат“.
Никој од организаторите на настанот не им даваше на учесниците во орото инструкции или насоки за она што треба да го прават. Новинарите кои беа присутни на градскиот плоштад очекуваа дека орото ќе започне во исто време и синхронизирано ќе се игра од Охрид до Струга на иста музика. Но на крај им беше кажано дека кај Подмоље орото веќе било завршено.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град