Надлежните од „Нискоградба“ на „висина“ на задачата

Канализационата цевка во населбата Христо Узунов санирана уште во понеделникот. Од Нискоградба најавија брза реакција и тоа го остварија.

 |  Мишел Наумоски  | 
sahta
шахта

sahtaКанализационата цевка во населбата Христо Узунов санирана уште во понеделникот. Од Нискоградба најавија брза реакција и тоа го остварија. Отворената шахта е веќе покриена и дефектот на кој реагираа граѓаните е отстранет. Минатата недела информиравме за случајот со недовршениот зафат на канализационата цевка во населбата Христо Узунов. Група загрижени граѓани од оваа населба реагираа на само делумно завршената работа. Тие се пожалија дека веќе неколку дена оваа канализациона цевка не била поправена и дека надлежните од „Нискоградба“ не си ја вршеле својата должност. Сепак оваа отворена канализациона цевка е веќе санирана.  Како што најавија од ЈП „Нискоградба“ од Охрид, поправката била завршена уште во првиот работен ден од оваа недела. Единствена дилема што останува засега е дали ќе биде извршено покривање со бекатон на местото на сега веќе затворениот коп или истото ќе биде асфалтирано. Од Нискоградба не информираа дека немаат надлежност во тој дел.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top