НИСКОГРАДБА прави план за враќање на долговите

ЈП НИСКОГРАДБА се соочува со голем долг од над милион и двеста илјади евра. Директорот на претпријатието Сашо Донев вели дека подготвуваат акционен план за враќање на долговите.

 |  Николоска Биљана  | 
niskogradba
нискоградба

НИСКОГРАДБА Охрид готви акционен план за враќање на долговите на претпријатието. niskogradbaПрвиот човек на ЈП Сашо Донев обелоденува дека долгот на претпријатието е над 70 милиони денари што според него е голема сума на пари направена за краток временски период. Донев категоричен дека без финансиска инекција од Локалната самоуправа, претпријатието тешко дека може да застане на сопствени нозе, односно дека во моментов  политиката на општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески работи во интерес на сите ЈП од градов, вклучувајќи го и ЈП НИСКОГРАДБА.

„Ова ЈП доцни само со една плата значи другиот дел од платите е веќе исплатен за вработените и праксата за преговори и разговори со доверителите која што ја воведе Локалната самоуправа и јас како директор во идниот период ќе разговарам со сите фирми на кои им должиме пари и правиме акционен план за да конечно ги вратиме долговите и ова претпријатие го воздигнеме и да покажеме дека имаме општествена одговорност бидејќи е ЈП на сите граѓани итреба да занеме дека не само што треба да ги вратиме долговите туку треба да реализираме и проекти “– вели Донев.

niskogradbaСпоред досега направените анализи околу тоа каде лежи причината за големиот долг на претпријатието, поради кој сметката на ЈП е блокирана, согледувањата на Донев говорат дека во претходниот период охридските јавни претпријатија немале доволно поддршка од претходната постава на Локалната самоуправа.

„Градежнит активности од претходната Локална самоуправа ги изведувале приватни фирми а не ЈП. Значи како што кажав пракса на новиот градоначалник Никола Бакрачески е да сите активности кои што ги изведува Локалната самоуправа да ги изведува преку локалните претпријатија а воедно со тоа и финансиски ги поддржува“– изјави директорот.

Донев смета дека наплатата мора да се подобри посебно кај правните лица каде долгот е посериозен. Тој нагласи дека јавноста треба да знае дека јавното претпријатие е од големо значење за градот, бидејќи тоа се грижи за оддржување на атмосферската и фекалната канализација, гради нова, инвестира во нова градежна механизација и токму заради тоа треба да се прибираат средства. Донев за тековната 2014 година најави повеќе проекти а како поголем го посочи изградбата на фекална канализација на кракот за Горно Лакочереј.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top