Нискоградба ги бележи границите за поставување урбана опрема во Старата чаршија

Поставувањето на урбана опрема се прави според изработена програма за таа намена.

 |  Мишел Наумоски  | 
urbana oprema
урбана опрема

urbana Stara carsijaУтринава екипи на јавното претпријатие „Нискоградба“ од Охрид започнаа со обележување на границите за поставување на урбана опрема во старата чаршија. Сопствениците на угостителски објекти кои сакаат да поставуваат урбана опрема пред своите објекти, најпрво мора да го закупат тој простор, според цената која ќе ја одреди Советот на општина Охрид при носењето на Програмата за поставување урбана опрема.Инаку, секоја година согласно Законот за градба, се донесува програма за поставување на урбана опрема кој се состои од два дела, графички и текстуален. Во тие делови дефинирани се сите правила за поставување урбана опрема и одредување  локации каде може да се постави истата.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top