Николовски: После 35 години Охрид ќе заживее со 1800 вработувања

Досега слушавме само за затворање на фабрики во Охрид денес со гордост можеме да највиме 1800 нови вработувања во охридско струшкиот регион. Ја изградивме Железничка а ќе го изградиме и експресниот пат од Охрид до Св Наум, со што добиваме автопатско поврзување од македонско албанската граница до Кичево, кажа на денешната прес конференција Александар Николовски кандидатот за пратеник од ВМРО – ДПМНЕ.

 |  Николоска Биљана  | 
zeleznicka
железничка

prateniciПрв пат после 35 години Охрид комплетно ќе заживе со преку 1800 нови вработувања во следните две три години, кажа Александар Николовски, кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО- ДПМНЕ. Тој ја посочи инвестицијата тешка 15 милиони евра во автомобилската индустрија на германскиот ОДВ електрик и на уште еден германски гигант во индустриската зона во охридско струшкиот регион како почеток на економското заживување на регионот. Работите кои што ги ветуваме, ги остваруваме истакна Николовски и потсети на еден од најголемите инфраструктурни проекти,  изградбата на булеварот Железничка, каде ќе следува изградба на уште три кружни текови кои дополнително ќе го олеснат сообраќајот. Тој потенцираше дека не застануваат тука и за 2015 година најави уште еден крупен инфраструктурен зафат кој треба да го реализира Владата на Р. Македонија предводена од премиерот Никола Груевски.  

vasileski„Со почеток на 2015 година ќе почне да се гради експресен пат со четири ленти од Охрид до Св . Наум со првична делница која што ќе поминува над Косел, Лескоец, велгошти, Св Стефан, Пештани која што ќе значи комплетно растеретување на постојниот пат кој што оди по источниот брег на Охридското Езеро и ќе значи комплетен туристички развј на целиот тој потег. Така што оваа работа која што е планирано да се отпочне со градба од 2015 година заедно со автопатот од Охрид – Кичево ќе значи автопатско поврзување од македонско албанската граница заклучно со Кичево а ако се изнајде концесионер и заклучно со Гостивар односно Скопје“.

Д-р Сашо Василески, кандидатот за пратеник од ВМРО –  ДПМНЕ, потсети дека од вечерва, 24 часот, отпочнува изборниот молк и ги повика граѓаните в недела масовно да излезат да гласаат за избор на претседател за држава. Тој ги истакна причините зошто го подржува нивниот кандидат за претседател – г- динот Ѓорге Иванов.

arnaudov„Човек кој е посветен на државата, човек кој што во изминатиов период не направил ништо со што би ги нарушил националните интереси, претседател, татко на нацијата, кој беше единствен и ја повлече црвената линија за македонските национални интереси, човек кој е спремен заедно со Владата на РМ и идниот премиер Никола Груевски, како сложен и уигран тим да ја водата нашата држава во реформи кои ќе значат просперитет на нашиот град и држава. Заокружете го бројот еден гласајте за нашиот кандидат проф д-р Ѓорѓе Иванов, гласајте за коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ за уште една голема победа во Охрид и Р. Македонија“.

Престојниот митинг на ВМРО – ДПМНЕ во Охрид го најави д-р Љубен Арнаудов, кандидат за пратеник на ВМРО – ДПМНЕ

„Мене ми припадна честа да го најавам најголемиот митинг на ВМРО- ДПМНЕ во Охрид, на 14 април во 19 часот на плоштадот на кој ќе бидат претставени кандидатите за пратеници од Изборна единица 5 со носителот на листата Антонио Милошоски, да ги поканам сите граѓани на Охрид кој му сакаат добро на градот и гледат иднина во Охрид да дојдат да не посетат да не запознаат со програмата“.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top