Николовски контра Петрески

Едниот обвинува дека е незнајко, а другиот дека е марионета на Црвенковски. Започнаа меѓупартиските препукувања.

 |  Тања Маленкова  | 
nikolovski vs. petreski
Николовски и Петрески

nikolovski vs. petreski„Александар Николовски е универзален незнајко и незнае ништо“, истакна градоначалникот Александар Петрески, во знак на револт по вчерашните обвинувања упатени од пратеникот Николовски кон него во врска со како што беше речено уништувањето на градот.
„Додека градоначалникот на општина Центар создава планови за развој на својата општина, градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ продолжува со уништувањето на градот“- обвини пратеникот Николовски.
„По низата спорни урбанистички планови со кои трајно го наруши изгледот на Охрид и го уништи туризмот градоначалникот на Охрид по налог на својот шеф Бранко Црвенковски предлага дополнување и реализација на план со кој што ќе се уништи градскиот плоштад и автентичноста на охридската чаршија. Предлага реализација на план со кој постојаниот комплекс ,,Летница,, ќе се надогради и продолжи во должина узурпирајќи го скоро половина плоштад се до споменикот на Св. Климент Охридски во вкупна корисна површина од над 5000 метри квадратни“, рече пратеникот  од ВМРО ДПМНЕ, Николовски.
Зошто со деградацијата на чаршијата не мешаат мене и претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, кога во 2000 год. јас не бев овде туку имав приватна фирма, вели Петрески.  
„Овој град има други приоритети, а преуредување на плоштадите и фонтаните се после. Јас во овој момент сум против изградбата на плоштади и колиби. Треба прво да се решат животните потреби на граѓаните“, рече Петрески.
Пратеникот Николовски обвинува дека проектот за деградација на чаршијата е се до споменикот Св. Климент Охридски. Со овој план, имајки ја во предвид атрактиванта локација олигархијата на СДСМ ќе заработи помеѓу 13 и 15 милиони евра, сума која обичните луѓе можат да ја сонуваат но во исто време ќе се уништи градот и автентичноста на чаршијата, рече Николовски.
Летница е приватен имот. Ние како локалана самоуправа не можеме на сопствениците да им кажеме колку да инвестираат, вели градоначалникот Петрески. Тој на обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ им возвати со тоа што наведе низа партиски ветувања кои владејачката партија до ден денес не ги има исполнето.
“До каде е изградбата на Железничка и сите останати ветувања кажани од ВМРО ДПМНЕ?, се запрашува Петрески.
Градоначалникот најави дека за се што се случува и за сите опструкции кои централната власт му ги прави на Охрид тој редовно ги изестувал странските амбасади во земјава. Петрески рече дека и за последниве случувања ќе бидат изветени  сите дипломатски преставништва во државава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top