Николоски и Шокароски неуморни

Николоски и Шокароски, охридските пратеници на ВМРО – ДПМНЕ уште еден од низата работни викенди во Охрид. Овој пат тие ја посетија Н.У. Завод и Музеј и детално се запознаа со гоодинешните активности на оваа установа.

 |  Николоска Биљана  | 
Shokaroski
Shokaroski

Н.У. Завод и Музеј од Охрид има со што да се пофали. Тие годинава сработиле дури 90% од зацртаната програма за 2012есета. Ова го истакна директорката на оваа установа Тања Паскали Бунташеска, пред пратениците на Собранието на Р.Македонија од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски и Харалампие Шокароски. zavod i muzejФакт е дека тандемот на охридските пратеници Николоски и Шокароски е едне од ретките можеби и единствен во земјава од ВМРО – ДПМНЕ, кој секоја сабота ја поминува во својот роден крај и е присутен меѓу нивните сограѓани дали во институциите или меѓу граѓаните. „Се наоѓаме пред една успешна институција која што успешно работи и нижи добри резултати“, рече Александар Николоски од просториите на оваа установа.
Харалампие Шокароски нагласи дека оваа посета е уште една од оние кои што се остваруваат во функција на граѓаните на Охрид. Тој рече дека и понатаму ќе предлагаат и други законски акти за промоција на културниот туризам за институциите кои се под капа на Заводот и Музеј, бидејќи резултатите веќе се гледаат.
Николоски потсети дека Локалната доцни со изработка на ДУП за старото градско јадро кој требаше да биде готов до 08 април годинава и да се вклопи во рамките Законот за Охрид. Додаде  дека сеуште го чекаат тој план, за кој што гарантира мнозинство за усвојување од страна на охридските советници. Николоски апелираше до градоначалникот и до советниците, овој ДУП за старото градско јадро, да им биде приоритет за изработка, а не приоритет да се дава на ДУП каде што никнуваат високи згради.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top