Дали сонот ќе стане реалност

Охриѓанец трет на балканот во математика. Матурантот Никола Грунчески се закити со бронзен медал на балканската олимпијада во Атина. Сега на потег е државата дали ќе му додели стипендија за да го продолжи своето образование на еден од најпрестижните универзитети во Англија.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Никола Грунчески има 18 години и е матурант во колеџот Јахја Кемал. Ово ј млад човек  моментално се наоѓа на животниот крстопат кога треба да одлучи по кој пат да тргне. Секој правец е послан со задачи, бројки и геометриски фигури и тела, но некој води до престижните европски универзитети, а некој во соседните земји. Никола од кога знае за себе се дружи со математиката. Добиеното прво место на регионалениот натпревар кога бил четврто одделение бил пресуден за тој да ја засака математиката и да и се посвети максимално. Се ределе успеси и награди на државно ниво, но со започнувањето на средното образование Никола уште посериозно почнал да се занимава со математиката. Во прва година ја освоил првата награда на републичкиот натпревар и бронзен медал на олимпијадата, а во втора година откога добил златен медал на македонската олимпијада се пласирал за балканската каде освоил бронзен медал и се пласирал за светската. Никола вели дека се што постигнал е со многу труд и љубов.никола грунчески

Првенствено тоа го правам затоа што го сакам. Но, треба и работа. Кога имам некој натпревар знам и со денови да вежбам и да се подготвувам. Се изолирам од сите и од семејството и од другарите. Некогаш заборавам дали е ден или ноќ, кога решавам задачи времето воопшто не ми е важно, вели Никола.

Другарите особено кога бев помал многу пати ми замеруваа поради тоа што се изолирав од нив. Порано тоа ми пречеше, но сега веќе не. Јас знам дека сум поинаков од нив и тие што навистина ме сакаат ме прифаќаат. Но, Никола има и други преокупации освен математиката. Кога не се подготвува за некој натпревар знае да заигра кошарка и фудбал, бидејќи многу сака да спортува. Лесно не се откажува од предизвиците па се што ќе започне во животот сака да го истера до крај. Кога решава некоја сложена задача тоа знае да го прави и со денови се додека не дојде до крајниот резултат кога се чуствува како некој победник во замислен натпревар. Неуспесите не го демотивираат. Напротив, тие му се животни лекции од кои многу учи. Светската олимпијада во Колумбија му е засега најдрагиот натпревар бидејќи за него тоа било огромно искуство. И годинава ќе учествува на светската олимпијада која ќе се одржи на Тајланд откога претходно го доби бронзениот медал на балканската олимпијада во Атина. Никола кажува дека македонските математичари се доста солидни на ваквите натпревари, но голем хендикеп им е што немаат средства за покривање на трошоците за овие патувања. Се паѓа на товар на семејниот буџет, а многу често некои деца не можат да отпатуваат затоа што родителите немаат пари за тоа. Парите се проблем и при изборот на универзитет на кој овие талентирани деца ќе го продолжат своето образование. Никола е примен на три престижни универзитети во Англија од кои едниот е Манчестер кој е еден од најдобрите во светот и се наоѓа на 20 место на ранг листата на најдобрите универзитети. На Никола му е животна желба токму таму да го усоврши своето знаење.

Пречките се астрономските цифри. 20 000 фунти е годишната школарина што за нас е превисока сума. Единствена надеж ми естипендијата од државата. Конкурсот веќе излезе и јас деновиве ќе аплицирам. Се надевам дека ќе добијам стипендија. Ако добијам сум обврзан по завршувањето на студиите да се вратам во државава и осум години да работам тaка, раскажува Никола.

Никола вели дека се надева на остварување на неговиот сон, а и на сонот на многу други деца кои се посебно талентирани во некоја област. Не сака да размислува што ако не добие стипендија бидејќи не сака да ја губи надежта и вербата дека државата сепак има чуство за она што е добро и квалитетно и дека навистина сака младите луѓе своето знаење стекнато во странство да го имплементираат тука.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top