Никој не ја ферма одлуката на Советот за неградење во летна сезона

Одлуката на Советотот на општина Охрид, да не се гради во централното градско подрачје за време на летната сезона од 1-ви јули до 31-ви август, паѓа во вода.

 |  Валентина Нелоска  | 
gradezen rabotnik
градежен работник

грadenjeПаѓа одлуката на Советотот да не се гради во централното градско подрачје за време на летната сезона, од 1-ви јули до 31-ви август. Колони автомобили,  механизација, зголемена бучавост, прашниви коловози. Вака изгледа  јулската летна слика на центарот на Охрид. “Се повеќе инвеститори не ја почитуваат одлуката на Советотот на општина Охрид за неградење  во туристичката сезона во централното градско подрачје“ се жали портпаролот на општина Охрид, Симон Илиески .

Градежните инспектори пишувале прекршочни пријави и ги поденесувале до судот, појаснува Илиески и додава дека за понатамошната процедура надлежен е Охридскиот суд. На нашето прашање зошто Советот носи  одлуки кои во пракса не се реализираат, портпаролот Илиески се повикува на ограничените законски можности на градежната инспекција.

gradbi„Градежната инспекција пишува прекршочни пријави, ама инвеститорите си тераат по свое. Во уредната градежна документација издадена од општинските служби, не е наведено од кога до кога да не се гради.“

Дали ова значи дека општинската администрација замижува пред одлуката на Советот или едноставно нема законска можност да ја вметне забраната во градежната документација? Како и да е, покрај кршењето на одлуката за забрана на градење во текот на туристичката сезона, непослушните инвеститори прават уште најмалку два прекршока. Станува збор за одлуката за летниот режимот на сообраќај, со која се забранува движење на тешка механизација низ центарот на градот, донесена исто така од Советот на општина Охрид, како и кршење на одредби од Законот за зголемена бучавост.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top