На разни места во градов секојдневно никнуваат мини депонии, реагираат граѓаните. Грда е сликата и кај т.н. зелени острови каде се поставени прес контењерите. Таму комунален, кабаст и зелен отпад несовесни граѓани трупаат веќе месец дена. Сметот стигна до висината на контењерот, а од ЈП „Охридски Комуналец“, дури денес дознаа за тоа.
Охриѓани ги средуваат своите градини. Тоа може да се забележи и по депониите од зелен отпад кои никнуваат на секое ќоше во градов. Проблемот со несовесните граѓани кои постојано фрлаат ѓубре каде и да им се присака постои и никако да се надмине . А рецептот за мини депонија е добро познат – доволно е една кеса ѓубре, дотраен мебел, па започнува да расте се додека некој од градските власти не ги забележи или некој не ги пријави. За жал се до моментот додека не се преземе нешто, поминува извесно време и не ретко од некоја мала депонија никнува голема, за која треба време да се расчисти. За едена таква депонија реагираа од ул. Крали Марко. Имено според Благоја Карадак еден месец во непосредна близина на неговиот дуќан се трупа секаков вид на смет. Тој не гледа вина во градските власти, но упати апел барем еднаш неделно истиот да се подига.
„Се јавивме, секретарката ни рече немој да напаѓаш немаме возила. Ние апелираме директорката да дојде на лице место да види дека се работи против нив и градоначалникот. Кој работи ќе си го најдат тие“.
Првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа, тврди дека сите граѓани на Охрид добро се запознати со календарот на подигање на редовниот смет, кабастиот како и зелен отпад. Во врска со депонијата на ул. Крали Марко како и со останатите депонии во градов уверува дека наредниве 2-3 дена ЈП ќе се ангажира само на подигање на кабаст и зелен отпад.
„Јас би упатила апел до сите граѓани да се придржуваат на редот од ЈП „Охридски Комуналец“, во спротивно ќе ги ангажираме сите комунални инспектори веќе да почнат со казнување само таа мерка може да придонесе за чист и поубав Охрид“.
Исто така реагираат жителите од населба Христо Узунов. Тие не се охрабрија тоа да го кажат пред нашата камера, но настрана коментираа, дека во прашање е доведена одговорноста на ЈП „Охридски Комуналец“ кај т.н. зелени острови, бидејќи состојбата околу нив е лоша иако тука постојано е присутно лице од ЈП. Тие се прашуваат дали информацијата за ѓубрето кое се кубира цел месец воопшто стигнала до одговорните во претпријатието.
„Во текот на денот запознаена сум дека и таму имало зелен отпад и тоа во големи количини. Тој отпад мораме да го подигнеме со машина и со поголемо возило но немаме пристап за таа машина во тој простор. Сеуште на двата прес контењери имаме вработен а и тие знаете не го почитуваат нивниот збор дека не треба тука да одлагаат него едноставно го истураат ѓубрето на неодредено место“.
Инаку во моментов ЈП во рамките на своите редовни активности ја подига алгата од кејот на езерото, а исто така ги чисти паднатите листови од дрвјата кои понатаму ги користи за потребите на Расадникот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град