Никнува ли уште една мини депонија во срцето на Охрид?

На поранешниот полигон за мали спортови, никнува уште една мини депонија, реагираат група совесни граѓани.

 |  Голабовски Крсте  | 
kesi
кеси

полигонНа поранешниот полигон за мали спортови, никнува уште една мини депонија, реагираат група совесни граѓани.

Тие реагираа до редакцијата на „ТВМ“ телевизија во врска со овој новонастанат еколошки проблем.
Иако станува збор за приватен имот, според членот 6 Законот за јавна чистота сопствениокт на овој простор е должен:

„Корисниците односно сопствениците на отворените простории на јавните објекти и на дворните површини на колективните и индиидуалните објекти за домување, се должни истите уредно да ги одржуваат на начин со кој не се нагрдува и деградира просторот во урбаните средини и редовно да го отстрануваат сметот од истите“

полигонЕве само дел од дописот кој беше испратен до нашата редакција во врска со овој проблем.

„Почитувани,
Реагираме за оставениот оптад кои со месеци се таложи на просторот од поранешниот полигон за мали спортови.
Отпадот претставува потенцијална опасност за ширење зарази и болести, затоа што се наоѓа во непоследна близина на градинката ,,Јасна Ристеска” и основното училиште ,,Глигор Прличев”.
Молам за соодветна брза реакција на надлежните служби.
Отпадот е спакован во црни кеси, а дел е растурен низ целата тревна површина.“

Група совесни граѓани на Охрид

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top