Ова цд за ансамблот „Билјана Јуниор“ претставува прв студиски производ, но тие најавуваат и нови албуми, за брзо време.
Шестчлениот ансамбл „Билјана Јуниор“ го издаде своето прво цд. Нивното првенче е работено во три охридски студија, а екипата на неговото снимање работела во изминативе 6 месеци. По примерот на нивните ментори од ансамблот „Билјана“, младите музичари направиле избор од некои од најубавите охридски староградски песни.
„ЦД-то е составено од 14 песни. Една турска, една влашка и едно оро има. Другите се македонски староградски песни од охридскиот крај. Исто така насловот на ЦД-то е „И ние сме деца на Македонија“ од песната „Налеј, налеј.“-рече Петар Паскали од ансамблот „Билјана Јуниор“.
Нивното првенче, вчеравечер ја доживеа и својата официјална промоција.
„Промоцијата на ова првенче се одржа во ресторанот „Билјанини извори“, тоа е симболика на самата Билјана. Ги исвиривме сите песни од ова ЦД, плус ја отсвиривме и песната „Бор садила мома Евгенија“ која беше песна на нашиот ментор кој почина пред некое време, Кузман поп Стефанија, воедно и мој стрико и со тоа му оддадовме на еден начин чест.“-рече Јован поп Стефанија, исто така член на „Билјана Јуниор“.
Инаку ансамблот продолжува со работното лето. Во план се да снимат и нови две цд-а. Едното од нив ќе содржи необјавени песни на Кузман поп Стефанија кои во моментот ги имаат само во демо форма. Овие песни сега се во фаза на аранжирање, па за брзо време, Јован поп Стефанија, Петар Паскали, Стефан Здравески, Андреј Лаброски, Христијан Томевски и Ангел Дулевски повторно влегуваат во студио. Второто цд кое го подготвуваат пак, ќе содржи 9 влашки песни и три ора, а би требало да биде снимено до крајот на летово.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град