Незаконитиот риболов предизвика дисбаланс во рибниот фонд на Охридското езеро

Рибокрадците не мируваат, само од почетокот нагодинава до денес запленети се 34 разновиден рибарски алат и мрежи во должина од 1800 метри со 150 парчиња охридска риба. Со децении се изловуваат само три видови риби, пастрмка, белвица и крап.

 |  Соња Рилковска  | 

Рибокрадците не мируваат, само од почетокот нагодинава до денес запленети се 34 разновиден рибарски алат и мрежи во должина од 1800 метри со 150 парчиња охридска риба. Со децении се изловуваат само три видови риби, пастрмка, белвица и крап. Незаконитиот риболов предизвика дисбаланс во рибниот фонд на Охридското езеро

Со истребувањето на ендемичната пастрмка која е предатор се зголемува популацијата на плашицата,што никој не ја изловува од комерцијален аспект, поради ниската цена.

„Години наназад на пазарот за разллика од порано кога се нудеа десет видови риби денессе нудат само три пастрмка, белвица и крап. Автоматски имаме таргетирано целно ловење на рибите а со тоа е зголемен притисокот на овие видови“ вели Зоран Спиркоски од Хидробилошкиот институт Охрид.

Рибокрадците ловат риби кои имаат висока цена. Најскапа е пастрмката која на црно се продава по 1000 ден килограм, потоа белвицата 400 ден и крапот од 350 денкилограм. За враќање на рамнотежата меѓу рибите во езерото мора да се изловува и плашицата, сугерираат експертите.

„Морада се решаваат проблемите интегрално заедно со Албанија и да се направат напориоваа биомаса на плашица која во 6 та година на својот живот изумира се таложина дното на Охридското езеро  биде естрахирана на начин да биде понудена на пазарот ,а со тоа и тој што ќе го води тоа да биде обезбеден економски бенефит , додава Спиркоски

Последното порибување со пастрмка е извршено во 2019 година. Охридското езеро веќе втора година нема концесионер, ниту рибочувари. За рибниот фонд се грижи езерската полиција.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top