Незаконит риболов во Пештани и Трпејца, одземени риби и мрежи

На 06.02.2022 во периодот од 17 до 22 часот на подрачјето на Охрид реализирани се акциски контроли по Закон за рибарство и аквакултура и незаконит риболов.

 |   | 

На 06.02.2022 во периодот од 17 до 22 часот на подрачјето на Охрид реализирани се акциски контроли по Закон за рибарство и аквакултура и незаконит риболов.

Притоа, во атарот на селото Пештани биле затекнати две лица кои со мрежи вршеле незаконит риболов, додека кај месноста „Надол”, атар на селото Трпејца, пронајдени и одземени се шест рибарски мрежи и осум парчиња нелегално уловена риба Охридска пастрмка. Акциските контроли, со цел пронаоѓање на лица што вршат незаконит риболов ќе бидат интензивирани во различни временски периоди и на различни места долж Охридското езеро – вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top