Докторите на Одделението за уво, нос и грло при Општа болница Охрид, некултурни. Вака се обвинети докторите Фетах и Беде од ова оделение, во допис од незадоволна пациентка кој деновиве стигна до нашата редакција. Меѓу другото во дописот стои, цитирам;
„Премногу бев револтирана за да го премолчам ова и решив да ви пишам. На 21.01.2011 в0 12 и 30 часот бев во оделението за уво, нос и грло. на смена беа доктор Фетах и Др. Беде. Доктор Фетах во моментот беше зафатен со пациенти, па се упатив во празната ординација. Требаше преглед да ми изврши слободниот доктор, во случајов Беде. Таа седеше слободна во собата на пероналот и немаше ниту еден пациент. Кога ја прашав за преглед, ми се развика и некултурно ме одби со изговор дека не исполнувала желби и ми ја тресна вратата буквално прд нос“, завршен цитат. Во дописот стои дека незадоволната пациентка жали што доцна се сетила да го снима настанот на телефон, што би и послужило како доказ. Овој допис познат му е и на портпаролот на општа болница Охрид, Др. Сашо Василески. Тој рече дека добро ја испитале работата на ова одделение и одговорно тврди дека не постои таков случај. Василески вели дека дописот доаѓа од сосема непознат и веќе непостоечки меил така што не е оставен простор за понатамошна комуникација. Тоа би подразбирало соочување на евентуалната незадоволна пациентка со докторите, па доколку има сериозно нарушување и некултурно однесување од страна на докторите би следеле и санкции. Портпаролот не ја исклучува можноста да станува збор и за провокација, со што деновиве често се соочуваат. Сепак, Василески рече дека доколку постои проблем, начинот со анонимни дописи е непопуларен и проблемот не може да се надмине. Во спротивно раководниот тим на болницата подготвен е да ги брани интересите на пациентите, но на оние кои се претставуваат со име и презиме.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град