Земјоделците збунети од она што го видоа, сеуште не можат да се помират со она што им се случи. 100 % уништени се црешите, кајсиите, праските, грозјето но и градинарските култури. Велат вакво нешто не паметат.
Невремето, силниот ветар и градот кој го зафати охридскиот регион рано утрово, направи пустош на овошните и градинарските култури во Велгошти. Земјоделците збунети од она што го видоа, сеуште не можат да се помират со она што им се случи. 100 % уништени се црешите, кајсиите, праските, грозјето но и градинарските култури. Велат вакво нешто не паметат.
„ Да ви кажам, можеби имало невремиња, но вакво нешто не паметам. Најинтересно е што ова се случи ноќе, обично невреме фаќа околу пладна, попладне, … но ова што се случи во 4 без 20 минути, беше нешто неверојатно. Незнам што се случува во природава и какви промени има настанато“, вели Ѓоко Кецкароски, земјоделец од с.Велгошти.
Кецкароски додава дека на нивниот имот е уништено се. Штетата сеуште неможе да се процени, но доколу се каже дека бериме повеќе од 2 тони цреши, кајсии… и дека само јас насадив околу 600 корења патлиџани, а брат ми околу 250, може само да претпоставите каков пустош направи невремето синоќа, затоа што на нивите не остана ништо. Крајно разочаран од утринското невреме е и Велко Маркоски. И тој вели дека градот го уништил и родот, но и трудот кој го вложил.
Утрово, по поплаки на граѓаните, веднаш на терен излезе комисијата за проценки на штети при локалната самоуправа. Претседателот на комисијата вели дека ќе ги посетат сите кои ќе го побараат тоа од нив и ќе направат записник за штетите. Она што досега го видов е запрепастувачко, вели Велјаноски.
„Комисијата веднаш излезе на лице место. кај овошните култура констатиравме штета 100 %, како и кај градинарските култури. Проценка сеуште е рано да направиме, но ќе ги посетиме сите кои имаат штети. Момнетално незнам колку има пријавени, вели Велјаноски.
Но, не само во Велгошти. На штета за градинарски и овошни култури се пожалија и дел од жителите во Лескоец, но и од Охрид. До комисијата за проценки на штети имало и претставки за 100% уништени ролетни, како и полавени подруми.
Се полави приземјето на Амамот, а со тоа, материјална штета претрпеа и дуќаните кои се таму.
Невремето во Охрид утрово откорна и четири врби покрај пешачката патека на потегот помеѓу плажите Куба Либре и Кадмо.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град