Осигурените лица на товар на државата да се пререгистрираат

Оваа пререгистрација се врши секоја година во подрачните одделенија на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

 |  Мишел Наумоски  | 
fzom
фзом

Невработените лица и лицата со ниски примања треба да се пререгистрираат во подрачните одделенија на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

preregistracija nevraboteniОваа редовна процедура за осигурениците кои се осигурени на товар на државата, се врши со пополнување на изјава на осигурениците дека не оствариле приходи во текот на изминатата година или пак дека приходот кој го оствариле не надминува 96.600 денари. Пререгистрацијата на невработените лица започнува од денес, а рокот за пријавување на шалтерите на Фондот за здравствено осигурување трае до 31 Март 2014 година. Доколку осигурениците не се пријават во предвидениот рок, тогаш ќе бидат избришани од евиденција и нема да имаат здравствено осигурување за наредниот месец, односно ќе треба одново да се пријавуваат во Фондот, со целокупната потребна документација. Повеќе детали за процесот на пререгистрација погледнете во дневникот на Телевизија ТВМ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top