Невработените кои не се пререгистрирале избришани од ФЗОМ

Заврши пререгистрацијата на невработените кои се носители на право на бесплатна здравствена заштита.

 |  Николоска Биљана  | 
fzom
фзом

Од вкупно 5370  невработени корисници на бесплатна здравствена заштита, до 31март годинава до кога беше и последниот рок за пререгистрација, оваа обврска ја завршиле 3300 корисници.

fzomКако што изјави раководителот на Подрачната единица на ФЗОМ од Охрид, Славе Крстаноски пререгистрација извршиле 61 % од корисниците, што е добар процент во споредба со оној од републичко ниво кој изнесува 56%.

Крстаноски нагласи дека 2070 невработени корисници останале без бесплатното здравствено осигурување и истите на 2 април биле одјавени од системот.

Сега тие ќе треба повторно да ја подготвуваат целата документација за стекнување на правото на здравствена заштита од Министерството за здравство.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top