Невладиниот сектор ја контролира транспарентноста на општините

Граѓaните преку невладиниот сектор проговорија за транспарентноста на општините.

 |  Татјана Маленкова  | 
CSI Forum
Центар за стратегиски истражувања Форум

proekt transparentnostПроектот „ Транспарентност на единиците на локална самоуправа и нивната отчетност пред граѓаните“ е прво системско истражување во Република Македонија кое ги опфаќа сите 84 општини во државата, како и градот Скопје.

„Овој проект има за цел да направи анализа на состојбата и да изготви препораки за зголемување на транспарентноста и функционалноста во работата на единиците на локална самоуправа, но и да ја унапреди нивната соработка со граѓанското општество“, велат од Центарот за стратегиски истражувања Форум кои се изготвувачи на проектот.

Основната цел е да се поентираат проблемите и да е овозможи подобрување на меѓусебната комуникација помеѓу граѓаните и општините како власт во сите области. Во текот на нашите истражувања видовме дека граѓаните очекуваат месните заедници да бидат сервис и спона помеѓу локалната и урбаната заедница, бидејќи политиката најмногу ја чувствуваат во средината каде што живеат.

Како основни недостатоци од 13 те општини во југозападниот регион е тоа што ниту една од општините намаат весник, на  половина од општините veb страните не им се отвораат. Редовно се ажурираат само  страните на општина Охрид, Струга, Вевчани, Кичево и Македонски брод, вели Александар Писарев истражувач од НВО Форум.

„Во ни една општина не добивме информација дела кокална телевизија врши пренос на седниците на совет, што е многу битно за граѓаните да имаа убид во работата на советот. Општините повремено издаваат и билтени според вкусот на градоначалникот„, вели истражувачот на НВО Форум Александар Писарев.

За да се подобри транспарентноста на општините во Македонија треба уште многу да се работи, вели извршниот директор во невладината организација Форум, Слаѓан Пенов.

Проектот  „Транспарентност на единиците на локална самоуправа и нивната отчетност пред граѓаните“ започна пред 7 месеци, а е финасиран од Швајцарската агенција за обнова и развој. Од НВО Форум велат дека целокупната база на податоци и извршената анализа ќе биде достапна за сите граѓани, властите во единиците за локална самоуправа, медиумите, други истражувачи и сите останати потенцијални корисници.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top