Неверојатно реален натпревар во укажување прва помош

Натпревар со реални ситуации кои се случуваа на 7 пункта низ градов, вака помина четириесеттото издание на натпреварот во прва помош кој го организираше Црвениот крст од Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 

Натпревар со реални ситуации кои се случуваа на 7 пункта низ градов, вака помина четириесеттото издание на натпреварот во прва помош кој го организираше Црвениот крст од Охрид. Пунктови за реанимација, комбинирани повреди, наркомански дувла и пункт за дисеминација и едукација. Низ овие ситуации мораа да поминат сите екипи, а притоа да се прикажат во најдобро светло.

Вистински сценарија, одлично симулирани повреди, разработени до најситниот детал. Ова е дел од натпреварот по прва помош кој воодушеви со својот реализам. Во соработка со актерите од драмското студио од Охрид се прикажуваа реални ситуации во кои натпреварувачите требаше да укажуваат прва помош, да помагаат, а притоа да останат и самите смирени. Овие реални ситуации се случуваа на 4 пункта на кои требаше да се реанимира, да се помогне на наркозависници, да се справува со комбинирани повреди. Покрај ова, имаше и еден пункт каде им беа поставувани логички прашања на натпреварувачите, и уште два едукативни пункта.

„Црвениот крст од град Охрид има свои обучени кадри кои ќе работат на шминката на манекените, ние така ги викаме, манекени, оние кои што се во пунктовите, оние кои што ќе ги глумат повредите. Ќе имаат професионално изработена шминка која што ќе изгледа многу реално, ако имате скршеница на потколеница, ќе изгледа вистински, ќе има крварење, ќе прска крв, ако е отворена се разбира. Значи ќе прска крв на сите страни, буквално онака како што би се случило во реална ситуација така и ќе го видат натпреварувачите.“ рече Даниел Наумовски-координатор на натпреварот во прва помош

Prva pomosh-natprevarНа натпреварот учествуваше по една екипа од сите основни училишта од Охрид и Охридско, и по една екипа од средните училишта. Екипите од средните училишта ќе се натпреваруваат на државното првенство каде ќе се избира националната репрезентација која ќе ја претставува Македонија на Европското првенство во прва помош, 2012 година.

„Се натпреваруваат вкупно 14 екипи во финале, односно 5 екипи во категоријата „младина“, тоа се екипи кои се од средните училишта, и 9 екипи од категоријата „подмладок“ тоа се сите основни училишта од Охрид вклучувајќи ја и Дебрца. Вкупно 14 екипи ќе поминуваат низ 7 пунктови кои што се распоредени низ целиот град. Затоа што оваа година имаше многу интерес околу изучување на првата помош и се пријавија премногу екипи, се решивме прво да почнеме со процес на квалификации.“-додаде Наумовски

Преку 150 деца и многу заинтересирани граѓани го следеа денешниот хепенинг кој покрај овој натпревар во укажување прва помош, вклучуваше и показни вежби од Охридската полиција која денес го прославуваше Денот на безбедноста или денот на полицијата. Дечињата можеа сите свои прашања да им ги постават на полицајците и да се информираат за најразлични теми.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top