Неуспешен обид за шверц на кафе преку Охридското Езеро

Албанската погранична полиција спречила шверц на 1,5 тон кафе што со чамец преку Охридското Езеро било внесено од Македонија.

 |   | 
cofee
кафе

cofeeАлбанската погранична полиција спречила шверц на 1,5 тон кафе што со чамец преку Охридското Езеро било внесено од Македонија.

Според албанските медиуми, шверцерите го спакувале кафето во 63 вреќи и со чамец се обиделе да го пренесат преку Охридското Езеро.

Тие биле откриени во близина на градот Лин кај Поградец при растовар на кафето. Кога ја забележале полицијата, шверцерите ја оставиле стоката и избегале.

Подоцна полицијата идентификувала еден од шверцерите, а постои сомневање дека во случајот се вмешани и македонски државјани.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top