Археолошкиот локалитет Горна порта е незаштитен. Таму нема во моментов истражување но просторот е обраснат со вегетација а деновиве несовесни граѓани фрлиле градежен шут. Од завод и музеј не се согласуваат дека локалитетот служи како паркинг и депонија на локланото население.
Археолошкиот локалитет Горна Порта затрупан во градежен шут. Несовесни граѓани деновиве расфрлале тули и земја на местото каде во минатото е пронајден еден од највредните археолошки артефакти во земјава.
Просторот е обраснат со трње, а се користи и како паркинг за локалното население. Во моментов нема археолошки истражувања, но локалитетот е незаштитен.
„Овој археолошки локалитет служи како паркинг и како депонија за локалното население. Државата не води никаква грижа се е оставено така. Ова се случува со сите археолошки локатитети во Охрид и Плаошник, максимално се девастира“, вели Никола Паскали археолог.
На овој локалитет беше пронајдена златната маска, златна ракавица, сребрени предмети , килибар со непроцелива културна вредност.
„Ние веќе не го заслужуваме ова. Треба да се разбереме дека ова не е само наше туку на цел свет ние потрфливме како општество и како држава. Наша должност беше да ги презентриаме и чиваме ние го направивме обратното ги уништивме.Во најновиот извештај од 200 страни јас покренав една кампања една слика 200 страници и може да видите охридските сокаци повеќе ги нема, старата калдрма се покрива со камен од Поградец . Страшно!“, вели Паскали.
Директорката на НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид, Даниела Недељковиќ за ТВМ појаснува дека градежниот шут одложен од страна на несовесни граѓани е на локација која е приватен имот и тие се немоќни да реагираат. Археолошкиот локалитет е соодветно заштитен, тврдат од музејот, а во 2021 ќе продолжат и археолошките истражувања на истиот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град