Несертифицираните плински боци – темпирани бомби

Во поголемиот дел од несреќните случаи при експлозија на плинска боца во станбен и деловен објект причината била нелиценцираната, неисправна или дотраената боца. Од територијалната противпожарна единица со апел, внимателно при купување на плински боци, бидејќи нелиценцираните плински боци претставуваат темпирани бомби.

 |  Николоска Биљана  | 

 

За нецел месец, Единицата на ТПП во два наврати интервенирала при експлозија на плинска боца. Едната била на 4 ти јуни во туристичката населба Пештани, која се случила како последица на експлозија од истекување на горивиот гас пропан бутан, при што едно лице било повредено, а другата вчера, открива за ТВМ Горан Маркоски од ТППЕ. Маркоски нагласува дека голем проблем прават несертифицираните боци кои на пазарот можат да се набават по многу ниски цени, но, истите се опасни бидејќи пoстои голема опасност од експлозија на боцата, за разлика од сертифицираните боци под притисок, кои се далеку побезбедни и тешко може да се случи експлозија.

„На 08 јуни годинава имавме случај во индивидуален станбен објект во една соба дојде до експлозија на боца. Се работи за несертифицирана боца со пониска вредност, на лице место бев и ги видов големите оштетувања во просторијата и голема среќа е што во моментот на експлозија на боцата немало никој во просторијата, доколку имало луѓе ќе беше со смртни последици“.

Маркоски појаснува дека три услови влијаат за да настане експлозија при употреба на плин во домаќинството, но и воопшто, тоа е горива материја, извор на палење и кислород. Тој предупреди на што треба најмногу да внимаваат нашите граѓани.

„Прво и основно е доколку осетиме мирис на плин, да ги отвориме прозорите и вратите за да ја избегнеме концентрацијата која може да биде опасна и да настане експлозија, во никој случај да не се пали запалка или сијалица – вели Маркоски.

Лиценциран дистрибутер за гас е компанијата Макпетрол. При набавка на плин, испразнетата плинска боца се носи на бензиските пумпи на Макпетрол од каде се добива друга боца која е прегледана сертифицирана и најважно од се сигурна за користење, потенцира Маркоски. Додава дека не ретко се случува кога интервенирале во случај на експлозија со плин, боцата да ја извадат недопрена. Маркоски со апел до граѓаните, секоја набавка од илегални односно од сомнителни продавачи претставува голема опасност, бидејќи се работи за опрема под притисок која е експлозивна и содржи технички гас кој може да направи голема штета и на корисникот и на околината. Треба да има на себе ознака ПИ и најбезбедно е бидејќи е широк кругот на корисници истата да биде набавена од овластени продавачи и од објекти кои се наоѓаат под надзор на пазарна и техничка инспекција. Маркоски исто така предупредува да се проверува датумот на техничка исправност на секоја боца пред да се земе и да се постави во домот, кој датум мора да биде втиснат на горниот дел на боцата, веднаш под шиберот за пуштање на боцата, доколку на боцата нема таков датум или е истечен, може случајот да се пријави, за да можат надлежните да ги превземат потребните мерки.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top