Единствениот, регистриран градски паркинг простор наменет за автобуси е непрофитабилен. Со паркингот стопанисува ЈП СРЦ „Билјанини извори“ и се наоѓа на улицата Асном, но поголем дел од годината зјае празен без паркирани автобуси. Гордана Јованоска, директор на спортскиот центар вели немаат економска исплатливост да плаќаат чувар за простор кој не им носи пари. Таа даде објаснување за причините на ваквата моментална состојба. Истакнува дека возачите на автобусите ги користат паркинзите на Булевар Туристичка и на Кеј Маршал Тито, и онаму каде што не плаќаат пари за паркирање. Возачите сакаат да поминат поевтино и го избегнуваат користењето на овој паркинг. Директорот на спортскиот центар, негира дека висината на цените за паркирање се причина за неговото одбегнување. Цените се пристапни истакнува таа, осум часа користење на паркингот изнесува 100 денари, 200 денари се плаќа за 16 сати и 300 денари чини паркирање во текот на 24 часа. Во моментов на паркинг просторот не се инвестира во подобрување на условите затоа што се чека на деталниот урбанистички план истакнува Јованоска. „Ние немаме финансиски средства и не можеме да го модернизираме. Но, доколку работите останат исти заедно со локалната ќе се потрудиме да го средиме со заеднички средства “.
Со деталниот урбанистички план кој се очекува да биде донесен наскоро, Јованоска претпоставува дека на овој простор е планирана изградба на катна гаража. Сепак вели директорката додека не се усвои ДУП за центарот не можеме ништо поконкретно да планираме.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град