Непријатно изненадување за лицата со хендикеп

Јанурските сметки за вода непријатно  ги изненадија лицата со хендикеп.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
логo

Јанурските сметки за вода непријатно  ги изненадија лицата со хендикеп.

Тие  досега беа ослободени од плаќање на потрошената вода до 18 кубици.
Кон крајот на 2008 година со одлука на Уставниот суд е укината бенефицијата за хендикепираните лица за ослободување од плаќање на вода. Иницијтаивата до Уставниот суд ја поднесол граѓанин на Охрид.

За да им  помогне на  овие лица, но и на останатата  ранлива категорија  граѓани, Советот  на општината на последната седница од минатата година, донесе заклучок  да се разгледаат  можностите за  бенефиции.

ОhridПортпаролот, Никола Манески појасни дека градоначалникот поднесол предлог до Советот , а  се донел и заклучок стручните служби на двете јавни општински претпријатија Проаква и Охридски Комуналец да изнајдат соодветни можности за бенефиција на хендикепираните лица и социјално загрозените семејства.     
Од јавното претпријатие Охридски Комуналец велат дека ги разгледале  можностите, но  имаат  свој став околу овој обид да им се помогне на оваа категорија сограѓани. Боро Павлоски директор на Комуналец

Вели дека решение треба да се бара подолгорочно и да биде поврзано со буџетот на државата и  локалната  самоупрва. Претходно преку  одредување на ресорното министерство треба да се одреди целната категорија, а на јавните претпријатија да им се надоместува трошокот преку  средства од буџетот на државата и локалната самоуправа. Според Павлоски на проблемот треба да му се пријде сериозно,  во спротивно од  ситните  популистички ветувања  нема да биде  задоволна ранливата категорија граѓани.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top