Пред два месеци започнала агонијата на четири членото семејство Спиркоски од Охрид.
Стакаларот Јовче Спиркоски раскажува дека неправедно останал без семејната куќа од 80 метри квадратни на улицата Кирил и Методиј.
„Сега јас, сопругата и двете малолетни деца сме на улица“ додава тој.
Се започнало со судски спор во 2003 година со поранешниот бизнис партнер.
Со лажна пријава и тужење, Војне Голабоски ми ја зеде куќата раскажува Спиркоски. Судот му ја досуди нему, а јас останва исфрлен на улица.
Спиркоски вели дека се обраќал до сите институци, но добивал третман како изманик и криминалец. Имам впечаток дека сите инситуции работат за Голабоски кој е на функција во катастарот вели Спиркоски, а мене како обичен стаклар никој не ме приметува. Со солзи во очите, стакларот Јовче Спиркоски вели дека ќе седи пред својата куќа, иако не очекува решение. Сепак вели сакам јавноста да знае дека хуманоста е завршена работа кај луѓето и институциите во овој град.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град