• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Неповратна финансиска помош за домашните фирми, двојно зголемување на социјалната помош, изградба на нови студентски домови за младите

Неповратна финансиска помош за домашните фирми, двојно зголемување на социјалната помош, изградба на нови студентски домови за младите

СДСМ синоќа презентираше дел од изборната програма за предвремените парламентарни избори пред охриѓани. Присутните пак на трибината прашуваа за заштитата на животната средина и културните богатства во Охрид, програмата за младите.

 |  Мишел Наумоски  | 
sdsm

Обезбедување на подобар живот кој ќе им даде надеж и желба на младите да останат во Македонија. Отворање на работни места на кои ќе се исплаќаат плати со кои вистински може да се издржува семејството, поддршка за домашните фирми, гасификација на државата, стимулација на фирмите да исплаќаат повисоки плати на работниците. Ова се само дел од целите на програмата на СДСМ за предвремените парламентарни избори а кои синоќа беа презентирани пред охриѓани. Една од клучните реформи кои тие ги предлагаат, според потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска е финансиска инекција од 140 милиони евра неповратни средства за македонските фирми.

tribina sdsm„Ние сметаме дека фокусот на македонската влада мора да биде на македонските фирми. 140те милиони евра ќе бидат инвестиција и инекција која ќе им даде шанса на тие што навистина сакаат да отвораат работни места. Нема да биде тоа се, се разбира дека ќе обезбедиме и кредитни средства, но овие ќе бидат неповратни средства кои ќе помогнат во македонската економија само во приватниот сектор. Да можат да се креираат 64 илјади реални работни места.“-вели Радмила Шеќеринска-потпретседател на СДСМ.

За поголема грижа за пензионерите, можност за предвремена пензија, враќање на усогласувањето на пензиите два пати годишно, мерки за намалување на сиромаштијата, зборуваше претседателката на комисијата за труд и социјала при СДСМ, Мила Царовска.

sdsm tribina„Сиромашните, оние кои не е можно да се вклучат на пазарот на труд, едни имаме кои ќе ги вклучуваме и мотивираме со активни мерки за вработување, но има и такви за кои работата не е опција со нив. Затоа ја зголемуваме социјалната парична помош и велиме 12 илјади денари за секое четиричлено семејство кое што е во социјален ризик. Со ова покажуваме солидарност, нас не ни требаат граѓани кои што имаат потреба од државата, а таа свесно ги турка во сиромаштија како досега. Во моментов четиричлено семејство кое е во социјален ризик треба да живее со 5700.“-рече Мила Царовска-комисија за труд и социјала во СДСМ.

Според пратеничката од СДСМ Лидија Димова, сегашната влада свесно пропуштила огромни суми на неповратни европски пари.

programa sdsm„Како е можно влада која на дневна основа се задолжува со милиони евра, и ги задолжува нашите деца, внуци, па и правнуци, секојдневно тоа го прави, а парите што ни ги дава Брисел беспари, тие не се кредити тоа се пари кои ние треба да ги искористиме, за да може поблиску да доближиме до ЕУ, полесно да го направиме тој процес кон членство во ЕУ, тие пари не знаеме да ги искористиме и да ги вратиме назад. Македонија од 620 милиони евра колку што имаше на располагање од ИПА1 програмата, има искористено само 20 проценти.“-изјави  Лидија Димова-пратеник на СДСМ.

За програмата за младите говореше членот на централниот одбор на СДСМ, Дарко Давитковски.

„Ние ќе се заложиме да изградиме студентски град во Скопје, и тоа не еден туку два, на двата најголеми студентски кампуси, ќе ги реновираме комплетно сите легла и ќе доизградиме онолку колку што се потребни ама не со вакви, туку со европски стандарди. Да можат младите луѓе кои што студираат во државата не да трошат време дали ќе им падне кровот или лифтот, туку да се посветат на образованието.“-рече Давитковски.

Граѓаните кои ја следеа трибината членовите на СДСМ ги запрашаа за тоа што тие предвидуваат за заштита на животната средина и културните богатства на Охрид, но и за тоа што тие мислат за ветените капитални проекти на локалната власт во Охрид.

sdsm tribina ohrid„Што подразбираме под приоритетни, значи веднаш ќе се остварат, зошто инаку би биле приоритетни. И сега на страна 11 под приоритетни капитални инвестиции  стои современа автобуска станица, затворен пазар покриен базен, дом за стари лица, марина, реконструирано градско пристаниште, катни гаражи за паркинг на возила, откупно дистрибутивен центар за земјоделски производи, индустриска зона во Мауцкер, индустриска зона меѓу Охрид и Струга, и дури и зимски туристички центар. Еве кажете еден проект од овие капитални приоритетни што за три години го остварија? Нема, нула.“-вели Томислав Тунтев-пратеник на СДСМ.

СДСМ нивната трибина ја одржа пред полна сала во Центарот за култура „Григор Прличев“. Инаку во рамки на посетата на високите претставници од партијата, тие во текот на денот посетиле и повеќе охридски семејства во повеќе населби низ градов презентирајќи ја нивната програма.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top