Непочитувањето на сообраќајните знаци-редовна пракса во летните месеци

Охрид полека влегува во екот на туристичката сезона. Бројот на возила кои се движат по улиците драстично се зголемува. Ваквата состојба неретко знае да резултира со зголемен број на сообраќајни прекршоци. Стартуваше и летниот режим на сообраќај, но прашање е колку тој се почитува од возачите на моторни возила.

 |  Мишел Наумоски  | 

soobrakajni znaciПочетокот на секоја летна туристичка сезона редовно ги носи карактеристичните проблеми. Зголемена фреквенција на возила чии сопственици често и не обрнуваат внимание на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Сообраќајните знаци буквално како да не постојат.

Еден ваков пример ни беше посочен од загрижен граѓанин кој забележал дека многу често не се почитува знакот за еднонасочна улица на пресекот на ул. „Партизанска“ и „Димитар Влахов“, односно кај Домот на АРМ.

soobrakajni znaciЗа овој случај ги информиравме службите во СВР Охрид кои ни потенцираа дека тие најпрво се обидуваат превентивно да делуваат во вакви случаи и што е можно помалку да се користат репресивните мерки. Тие најчесто на прекршителите им давале усни или писмени предупредувања, освен во случај на посериозни прекршоци кај кои казната е неизбежна. Од СВР ветија дека подетално ќе го испитаат овој случај и ќе ги преземат предвидените мерки.

Со летната сезона доаѓаат и главоболките во сообраќајот. Онаму каде што има сообраќајни знаци, ретко се почитуваат, а пак некаде, веќе поставената сигнализација ја отстрануваат несовесни граѓани, па и овие совесните се буквално приморани да го прекршуваат законот.

soobrakajni znaciСтариот дел на градот има посебен режим на летен сообраќај со активната забрана за движење на моторни возила во интервалот од 05:00 до 20:00 часот навечер, но еден од знаците кои предупредуваат на посебниот режим на сообраќај не беше на своето место. Од одделението за сообраќај и улици при локалната самоуправа дознаваме дека овој знак бил отстранет од засега непознат сторител, но надлежните служби веќе го вратиле знакот на своето место.

Едноставниот заклучок е дека сообраќајната култура ни е мизерна, а ретките исклучоци тешко може да се забележат покрај толку несовесни учесници во сообраќајот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top