• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Oбвинувања дека ВМРО ДПМНЕ спроведува некаков „реваншизам“ се неосновани, тврдат од ОК

Oбвинувања дека ВМРО ДПМНЕ спроведува некаков „реваншизам“ се неосновани, тврдат од ОК

Паушалните обвинувања дека ВМРО  ДПМНЕ спроведува некаков „реваншизам“ се само бесцелен обид да се излезе на прес конференција и  фројдовски го самораскажува само начинот на кој СДСМ владеел со Охрид.

 |  Јаковлева Лионела  | 
vmro dpmne
вмро дпмне

ВМРО ДПМНЕ е сериозна политичка партија и своите заложби за Охрид ги истакна во својата програма која доби полн легитимитет од Охриѓани. Идентификацијата на главните проблеми со кои се соочуваше Охрид во изминатите години покажа тотална неодговорност на СДСМ во раководење со градот вклучувајќи ја и кадровската структура во Општината и во Јавните претпријатија. Тоа беше еден од клучните моменти на нефункционирањето на градот и непобитен факт за партизацијата на Општината  и јавните претпријатија од страна на СДСМ и неговите сателит партии. вмро дпмнеОхрид не смее и нема да си го дозволи тој шарлатански однос кон сопствениот град.Паушалните обвинувања дека ВМРО  ДПМНЕ спроведува некаков „реваншизам“ се само бесцелен обид да се излезе на прес конференција и  фројдовски го самораскажува само начинот на кој СДСМ владеел со Охрид.Воведување на ред во системот на функционирањето на Општината и на јавните претпријатија е основна цел на ВМРО ДПМНЕ. Bo Охрид мора да се воведе ред после огромниот пустош што зад себе го остави СДСМ. Тоа ќе продолжи се до моментот  на санирање на последиците од неодговорноста на претходната локална власт и до моментот кога Охрид ќе добие потполно респектабилни и функционални институции. Тоа е наша цел и никакви фројдовски пресови нема да не одвратат од таквиот пат и цел.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top