Неофицијално: СДСМ, победник во Охрид, ДПМНЕ во 5-та ИЕ

На единаесеттие предвремени парламентарни избори, во Охрид, победата неофицијално ја понесе СДСМ, со околу 500 гласови повеке од ВМРО-ДПМНЕ.

 |   | 
izbori
избори

На единаесеттие предвремени парламентарни избори, во Охрид, победата неофицијално ја понесе СДСМ, со околу 500 гласови повеке од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот Петрески, кој воедно беше и претседател на изборниот штаб на СДСМ, изјави дека ова е уште една победа на СДСМ, но и на Охрид и своевидна казна за ВМРО-ДПМНЕ во овој град.

Во 5-та ИЕ, неофицијално ВМРО-ДПМНЕ, ќе има 9-10 пратеници, што значи дека Александар Николовски и Хари Шокаровски ќе седнат во пратеничките фотељи, а за Анита Кипаризовска Крстевска, е сеуште незивесно.

На ниво на држава, неофицијално ВМРО-ДПМНЕ ќе има 11-13 пратеници повеќе од СДСМ. Изненадувачки е што помалите партии нема да освојат ниту едно пратеничко место. Првично овие избори се оценети како фер и демократски, но допрва ќе се сумираат впечатоците и ќе се види колку неправилности истите ги проследија. ДИК деновиве ќе излезе со официјални резултати за Предвремените парламентарни избори 2011.

{loadpostion content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top