Немање лопати изговор на граѓаните зошто не го чистат снегот

Koмуналните инспектори и полицијата, задолжени за спроведување на Законот за јавна чистота и во делот за чистење на снегот, и покрај празниците беа активни.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ohrid
Охрид

Koмуналните инспектори и полицијата, задолжени за спроведување на Законот за јавна чистота и во делот за чистење на снегот, и покрај празниците беа активни.

Во изминативе 3 – 4 дена беа излезени на терен. Комуналните инспектори делувале  превентивно, а полицијата делела казни. Стефан Димоски, портпарол на СВР- Охрид изјави дека се поденесени 10 барања за поведување на прекршочни пријави против правни лица. Тие за неисчистениот снег ќе платат глоба во висина од 500 до 1000 евра во денарска против вреднсот, а по 100 евра казна ќе заработат одговорните лица во фирмата.

kejИ додека локалната самоуправа со спојување на празниците не работи, од општинскиот инспекторат велат дека тоа  не важело и за нив, тие работеле. За прв пат не ги зафати зимски сон. Комуналните  инспектори поделиле над 150 опомени, и на правни и на физички лица. Ги опоменувале хотелите, дуќаните и  угостотелските објекти на нивната обврска од Законот за јавна чистота. Велат граѓаните се  недоволно запознаети со законската обврска за чистење на снегот од  јавните површини.  Додаваат главен изговор на граѓаните зошто не го  чистат снегот им бил  немање  лопати.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top