Претседателот на советот, Душко Јаковчески и градоначалникот Александар Петрески децидно ги отфрлаат шпекулациите со имиња на советници, кои наводно се пазареле во градскиот совет при изгласувањето на фамозните 40 урбанистички планови.
Претседателот на советот, Душко Јаковчески и градоначалникот Александар Петрески децидно ги отфрлаат шпекулациите со имиња на советници, кои наводно се пазареле во градскиот совет при изгласувањето на фамозните 40 урбанистички планови.
Таткото на градот Петрески на денешната прес конференција ги негираше и обвинувањата упатени од страна на ВМРО ДПМНЕ дека на Охрид му се случува урбанистички масакр. „Масакр има во државата и го прави еден човек Никола Груевски, помогнат од општинските раководители на партиите како што е Михаилов истакна Петрески. Додаде дека масакр има каде што државата е најголем акционер, како што е Емо, во стопанството, во болниците секаде каде што е надлежен премиерот и оваа влада“ истакна градоначалникот Петрески.
Во општината нема притисоци од градежните моќници при изгласување на плановите тврди градоначалникот. Тоа го аргументира со фактот што општина Охрид нема сопствено градежно земјиште, тоа е или во приватна сопственост или пак на државата, па нема никакви притисоци. Единствено чувствуваме постојан притисок од полицијата и инспекциските служби на централната власт, појаснува Петрески.
Началникот на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов се обиде да го објасни значењето на локалната планска документација. Со нив се решаваат условите на градба на една локација во рамките на важечките законски прописи рече Арнаудов. Во изработката и примената на урбанистичките планови постои регулатива донесена од државата и ние какажо општина сме должна да ја спроведуваме потенцира началинот на секторот за урбанизам. „Со локалната урбанистичка планска документација се решава еден проблем на граѓаните, тие прво се обраќаат до Секторот за урбанизам, кој доколку не одговори на нивното барање имаат право да се обратат до советот, а доколку и тој не донесе решение можат да се обратат до Министертвото за транспорт и врски. Дали треба да дозволиме потребите на граѓаните да се решаваат во Министерството праша Арнаудов“.
Тимот на градоначалникот денес се обиде да ја увери јавноста дека интензивната градба на станбени објекти не му штети на туризмот. Посочи како тоа се решава во Монте Карло. „Сите кои поседуваат станови, а не живеат во Охрид треба да плаќаат годишен данок. Тоа се решава со Закон за Охрид кој треба да го донесе државата“ порача Петрески.
Функционерите на локалната самоуправа пред јавноста се правдаа како дошло до одложување на 18-та седница. До нејзин прекин дошло поради немање кворум и замор кај советниците, а прекинот бил во консултација со сите советнички групи. Јаковчески упати жалење што медиумите не беа информирани за продолжението на седницата. Инаку на продолжетокот од 18-та седница што се одржа без најава за медиумите беа донесени четириесет локални урбанистички плански документации што ја разбрануваа охридската јавност.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град