Нема викенд за инспекторите

Инспекциските служби при општинскиот инспекторат работат за викендите. Годинава оваа практика се применува за прв пат, бидејќи најголемите проблеми биле регистрирани точно тогаш. Високи глоби и поригорозни мерки, најавуваат од општинскиот инспекторат.

 |  Билјана Николоска  | 
urbana oprema
урбана опрема

TanasTanasoskiГрадежната инспекција на помош. Таа добива ингеренции во справување со проблемот со прекршителите на законот за поставување урбана опрема. Општинскиот инспекторат најавува ригорозни мерки и високи казни во делот на несоодветно поставување на урбана опрема на угостителските објекти. Раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски, вели дека годинава делуваат на сосема поинаков начин согласно новите измени на законот за градба донесени од бившата постава на Владата.

urbana opremaТанасоски со новите надлежности и формирање на прекршочната комисија од страна на Локалната самоуправа, убедува дека проблемите побрзо и поефикасно ќе се надминуваат и нема да се прогледува низ прсти на ниту еден прекршител и ниту еден од нив нема да се амнестира.

Танасоски вели дека поради евидентната појава, најголем број од проблемите да се случуваат за време на викендите, овие два дена за инспекциските служби се работни, додека пак понеделник за нив е неработен ден. Но окото на раководителот на општинскиот инспекторат е уплашено за справување со проблемот во Св. Наум. Танасоски признава дека тоа што се случува таму е страшна глетка и ниту еден од нив не работи согласно законот бидејќи до сега кај нив нема ниту едно барање за поставување на тезга или урбана опрема.

Танасоски на припомош  бара да се вклучат и државните инспекциски служби во справување со проблемите во урбаната сфера. Тој признава дека тезгите и понатаму претставуваат голем ненадминат проблем за кој мора да се примени нова стратегија на делување, во најмала рака да се одземаат тезгите каде се продава стока на црно. Тој најави и троструко зголемување на глобите за прекршителите на законот за поставување на урбана опрема. Останува да се даде согласност за уште 50 тезги и фрижидери кои се во делот на централното градско подрачје, а кои ги исполнија условите на тендерот.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top