Нема веќе паркинг пред црквата „Св.Софија“

Во рамки на разубавувањето на стариот дел од Охрид, денес ЈП “Градски гробишта“ започна со средување на просторот пред црквата Св. Софија и истоимениот ресторан.

 |  Голабовски Крсте  | 
sv.sofija
св.софија

sv.sofijaВо рамки на разубавувањето на стариот дел од Охрид, денес ЈП “Градски гробишта“ започна со средување на просторот пред црквата Св. Софија и истоимениот ресторан, каде долг период несовесни возачи ги паркираа своите автомобили нагрдувајќи го изгледот на ова атрактивно место кое е привлечно и посетувано од туристи особено во летниот период од годинава.

Денес на овој простор се поставуваат жардињери со цвеќе, а наредниот период ќе бидат поставени клупи за седење. Просторот ќе биде и хортикултурно уреден со што охриѓани ќе добијат привлечно катче за одмор и уживање во срцето на Охрид.

Инаку, надлежните од ЈП “ Градски гробишта “ денес работат и на поправка и санација на делот околу малата фонтана што е во непосредна близина на црквата Св. Софија.

sv.sofijaДолги години наназад охриѓани кои живеат во овој дел од градот , посакуваа ова благородно место на кое е катедралната црква Св. Софија да го добие заслужениот лик со кој подобро ќе бидеме презентирани пред бројните гости од земјава и странство. Разубавувањето на стариот дел на Охрид започна после обиколката на градоначалникот Никола Бакрачески во овој дел од градот и по средбите што тој ги оствари со варошани, а на која беа изнесени нивните потреби од областа на инфраструктурата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top