Од Министерството за образование велат дека ќе се измени начинот на работа на магистрантите и докторантите. Не ќе може секој кој ќе посака да се здобие со престижна титули.
Од Министерството за образование велат дека ќе се измени начинот на работа на магистрантите и докторантите. Не ќе може секој кој ќе посака да се здобие со престижна титули.
Расте бројот на лицата кои се здобиваат со титулите магистaр или доктор на наукi. Од секторот за науки при Mинистерството за образование велат дека ваквиот тренд е за пофалба, но Македонија треба да поработи на тоа како да се подобрат универзитетските истражувања и истите да се применат во пракса. Од таму објаснуваат дека магистарските трудови и докторатите 90 проценти се само теорија.
Отсега па натаму постдипломците ќе треба да решат некој конкретен проблем од областа која ја истражуваат доколку сакаат да ја одбранат својата магистерска работа, вели Јордан Шикоски раководителot на секторот за науки при Министерството за образование. Тој објаснува дека вака функционират сите светски универзитети.
„Доколку некој поединец сака да изготви магистарска работа претходно ќе мора да објави неколку свои трудови во некои реномирани стручни списанија, а доктор на науки нема да биде оној кој не ќе направи некое истражување од кое ќе произлезат конкретни резултати и мерки“, вели Шикоски. „Веќе не ќе може секој кој ќе посака да се здобие со овие престижни титули“, објаснува тој.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град