Советот на општина Охрид досега ниту гласал тајно за одредена точка на дневен ред, ниту пак има потреба од тоа, тврди претседателот на Советот Душко Јаковчески. Ова произлегува од Предлог одлука за усвојување на извештајот за толкување на член 33 од Статутот на општина Охрид, предложен од страна на советничката група на НСДП, која точка на дневен ред се најде на денешната седница на советот. Јаковчески вели, јасен е членот 33 од статутот на општина Охрид според кој Советот може да донесе одлука земајќи го во предвид бројот на присутни советници, за одредена точка да се гласа тајно.
Расправата по Предлог одлуката за усвојување на извештајот за толкување на член 33 од Статутот на општина Охрид која потекнува од НСДП, според Јаковчески, е беспредметна, бидејќи во законот за Локална самоуправа јасно е нагласено кои се обврските на советот и што се истиот може да носи како прописи.
Но, советничката од НСДП, Верица Хајба вели дека во текот на работењето увиделе оти се работи по стар деловник кој не соодветствува со статутот и со Законот за Локална самоуправа. Според неа тие не бараат да има тајно гласање по одредени точки на дневниот ред, туку не може сите одлуки кои ги носи советот да имаат иста тежина.
Работите мора да се јасни, ние не бараме тајно гласање, барањето за толкување на член 33 од Статутот на општина Охрид, значи да се наведе тежината на одлуките, кои одлуки како да се носат, зошто сите немаат иста тежина, категорични од НСДП. Наспроти ваквиот став на НСДП, Јаковчески смета дека до крај на мандатот на овој Совет нема потреба да се затскриваат позади некоја одлука, а тајното гласање според него е на некој начин избор, ако сака некој да прикрие свој став, а во јавноста да го искаже спротивното.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град