Во Охрид нема СОС линии за помош и подршка на децата. Поради финансиски проблеми згасна единствената линија која беше отворена пред две години.
Во Охрид нема СОС линии за помош и подршка на децата. Во време кога во светски рамки рапидно се зголемува бројот на повици кон ваквите линии за помош во случај на насилство и злоупотреба, кај нас и таа една сос линија која поsтоеше од пред 2 години, лани згасна. Ѓорѓи Tодоровски, од Центарот за социјални грижи вели дека ваква линија постоела и функционирала во склоп на Женскиот центар „Бисера“ за што биле обучени и кадри, но поради финансиски причини истата е укината.
Искуствата покажуваат дека СОС линиите се повеќе од потребни затоа што на децата, младите и родителите им овозможуваат да се обратат некому кога им е потребно, кога се соочуваат со злоупотреба, физичка или психичка или кога е прекршено некое детско право. Тодоровски објаснува дека децата кои имаат проблем можат да се обратат до педагошките и психолошките служби во училиштата, ако проблемот е посериозен можат да побараат помош во полиција, Медицински центар или Центарот за социјални грижи. Тој додава дека сите институции работат координирано и дека само на тој начин можат да се постигнат резултати.Тодоровски вели дека минатата година до центарот во Охрид биле пријавени десет случаи на насилство врз деца.
Податоците пак добиени од Меѓународната мрежа на СОС линиите говорат дека во 2010 година најголем број на повици на сите СОС линии за деца во светот доашале од девојчиња и млади жени. Слична е состојбата и кај нас, при Детската амбасада Меѓаши во 2011 година дури 56 % од лицата кои пријавиле прекршување на правата на децата се од женски пол. Како група, девојчињата и жените се поизложени на различни форми на насилство како што се физичко и психичко насилство, сексуална злоупотреба, комерцијална експлоатација и трговијата со деца и возрасни. Инаку, 17 ти мај се одбележува како меѓународниот ден на СОС линиите за помош и поддршка на најранливата група во секое општество, децата. И за крај, СОС телефон за деца и млади при Првата детска амбасада во светот Меѓаши е 0800 12222. Не дај боже да ви притреба но добро е да се знае дека од помошта или поддршката децата понекогаш ги дели само еден телефонски повик.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град