Сметководителите пред свршен чин поради измените во поднесувањето на годишните сметки. Рокот е одамна познат. 29-ти Февруари е датумот до кој годишните сметки мора да бидат поднесени во Централниот регистар, но и даночните биланси во Управата за јавни приходи. Ако сметководителите не го испочитуваат овој рок, може да се соочат со ригорозни санкции.
Нови билансни шеми и обрасци при поднесувањето на годишната сметка. Поради последните измени, сметководителите ќе се соочат со зголемен обем на работа. Освен податоците од тековната година, во новите обрасци ќе се бараат податоци и од претходната година. Рокот за поднесување на годишните сметки е одамна познат. 29ти Февруари е Денот Д до кој сите сметководители мора да ги поднесат сметките. Иако се надеваа, сепак не добија продолжување на овој рок.
„За жал секоја година промените што се прават кои се однесуваат на оваа сфера, се носат буквално во 5 до 12. Овие промени беа донесени на крајот на месец Декември 2011, а се однесуваат конкретно за билансите и за шемите кои што се однесуваат за 2011, значи имавме промена во контниот план, имавме промена во самите билансни шеми. Нас како сметководители ни се наметна голема обврска и голем товар сето тоа да го изработиме во релативно кратки временски периоди, меѓутоа немаме тука алтернатива.“-рече Стојан Ѓорески-Претседател на Здружение на сметководители-Охрид.
Од позначајните измени кои треба да се направат е тоа што од сега билансите на состојба кај субјектите од нефинансискиот сектор ќе се пополнуваат целосно, а не со скратени изрази. Новите обрасци налагаат и доставување на податоци и за претходната календарска година, кои треба да се преработат за да соодветствуваат со новите барања. Од подрачната канцеларија на Централниот регистар велат дека е многу важно да се почитуваат предвидените рокови.
„Ги предупредив дека треба да се запази рокот. Ние ќе работиме прекувремено и двосменски се во интерес на странките односно субјектите должни за поднесување на годишни сметки. Ако не ги достават, санкциите се ригорозни. Тоа се прекршочни санкции кои се предвидени во законот за трговски друштва и се од 2500-до 5000 евра за правно лице, од 1000 до 2000 за одговорното лице кај правното лице, дури и субјектот може да се соочи со санкцијата забрана за вршење на дејност од 6 месеци до 5 години.“-вели Венко Арнаудов од подрачната канцеларија на Централниот регистар на Република Македонија.
Инаку, годишните сметки можат да бидат доставени во три форми, односно на хартија, потоа како табеларна датотека изработена во Ексел и ставена на ЦД, како и директно внесување на податоците во обрасците кои се наоѓаат на интернет страната на Централниот регистар. И сето ова, до 29ти овој месец.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град