Нема повеќе паркирање позади хотел Ревиера

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ остана со 40 паркинг места помалку. Сопственици на плацот позади хотелот Ревиера го оградиле својот имот незадоволни од понудата за надомест за користење на тој простор, која што ја добиле од ЈП. Директорката со образложение дека не бил постигнат договор, заради економска неисплатливост.

 |  Николоска Биљана  | 

Нема повеќе паркирање позади хотел Ревиера или на паркингот кај киното како што милуваат да кажат охриѓани. Деновиве сопствениците на овој плац местото го оградија со столбчиња. Со овој паркинг досега стопанисуваше ЈП „Билјанини извори“, а години наназад на ова место се најавуваше и изградба на катна гаража која ќе го реши проблемот со паркирањето во централнот градско јадро. Дирекотрката на ЈП Гордана Јованоска, ја открива причината поради тоа.

Тој дел што е заграден е во приватна сопственост и ние како ЈП не можевме да се договориме затоа што цената која што тој ни ја понуди не беше за нас прифатлива. Од тие причини сопственикот го загради тој дел

Јованоска најавува дека како ЈП имаат своја стратегија за проширување на паркинг просторот, бидејќи сеуште во градов има потенцијални места за тоа .

Стапуваме во контакт со одредени сопственици на одредени делови во градов кои се користат за паркирање па ќе видиме во наредниов период сметаме дека ќе постигнеме некаков договор со што ќе го прошириме градскот јадро со паркинг

ТВМ стапи во контакт и со сопствениците на приватниот имот. Тие кажаа дека веќе катастарски го обележале својот плац револтирани од ниската сума која им била понудена од ЈП за користење на местото. Исто така сопствениците на местото тврдат дека, последниве месеци не им било и исплатено како и тоа дека ЈП 5 месеци бесправно го користела плацот. Тие се обиделе да изнајдат компромисно решение кое ќе одговара и за двете страни, но за жал како што велат се судриле со незаинтересираност од страна на Локалната самоуправа, за ова атрактивно место. Од ЈП биле во можност да им исплатат само 30 000 денари и тоа за месеците јуни, јули, август и септември.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top