Нема повеќе опција „Сам плаќа“

Инкасторите од Водовод Охрид, деновиве ќе се соочат со поголем обем на работа. Управниот одбор на ова претпријатие ја укина опцијата „Сам плаќа“, а донесе нова, односно проверка на сите броила кај корисниците на услуга со цел усогласување на реалната состојба која корисникот треба да ја подмири.

 |  Николоска Биљана  | 

Нема повеќе опција „Сам плаќа“. МЈП Проаква Водовод Охрид ја укина оваа одлука и донесе нова. Наместо досегашната пракса на уплата за вода во наплатните центри и банките, корисниците на услуги од 1 ви февруари треба да пријават состојба за изготвување на сметка да побараат инкасатор или контролор да ја прочита состојбата на броилото или лично да дојдат во Одделението за автоматска обработка на податоците во Дирекција, Билјанини извори. Директорот на претпријатието Владимир Алексијоски вели дека на ваков чекор се одлучиле од причина што сакале инкасаторскта служба на ЈП да биде исполнета во целост.

„Одлучивме да се прекине оваа пракса, односно нашите инкасатори да посетат секој еден дом каде што има поставено броило од наша страна. Мислиме дека со тоа ќе излезиме во пресрет и на граѓаните и нас самите. Би замолил кога ќе дојде инкасаторот во вашиот да му биде овозможено да го прочита броилото“

Директорот очекува дека оваа одлука добро ќе биде прифатена од граѓаните бидејќи пред се ќе бидат обезбедени точни податоци а ќе има и поголема контрола заради заштита на потрошувачите.

Една од причините за оваа наша новина е усогласување на броилото на лице место и состојбата која што се води кај нас. Секогаш сме излегувале во пресрет бидејќи потрошувачот секогаш е на прво место. Разликите кои евентуално ќе се појават ќе бидат усогласени и во соработка со потрошувачот ќе дојдеме до точна состојба со броилото на лице место

Согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетија, потрошената вода над досегашниот лимит од 30 m³, нема веќе да се наплаќа по двојно повисока цена, информираат од Водовод Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top