Нема место за паника поради бактеријата листерија, велат од ЦЗЈЗ

Едно лице од Охрид заразено од бактеријата листерија. Од Центарот за јавно здравје велат дека нема место за паника. Оваа бактерија не е нешто ново,  ја има насекаде во природата и во почвата и таа лесно може да се намножи и во овошјето и во зеленчукот.  Посебно проблеми се јавуваат во летниот период кога температурите се повисоки а храната е поподложна на расипување.

 |  Јаковлева Лионела  | 
listerija
листерија

Во Охрид засега е регистриран еден случај на пациент кај кого лабораториски е потврдено присуство на бактеријата листерија, велат од Центарот за јавно здравје. Станува збор за повозрасна жена која по лекувањето во Скопје, е пуштена дома и е во добра здравствена состојба. Од таму додаваат дека нема место за паника. mlekoОваа бактерија не е нешто ново,  ја има насекаде во природата и во почвата и таа лесно може да се намножи и во овошјето и во зеленчукот.  Посебно проблеми се јавуваат во летниот период кога температурите се повисоки а храната е поподложна на расипување. Листериозата е бактериско заболување, кое најчесто настанува по внесување на храна контаминирана со бактеријата листерија, како што е месо, преработки од месо, непастеризирано млеко и млечни производи, недоволно измиено овошје и зеленчук и друго. Епидемиологот Јованка Стурлакова која ни излезе во пресрет иако а на годишен одмор објаснува кој се може да заболи од оваа бактерија.

Кај здрави лица со подобар имунитет, заболувањето поминува со полесна клиничка слика, со стомачни проблеми, дијареа или симптоми слични на грип. Најчесто заболуваат повозрасни лица, лица со намален имунитет и новороденчиња, вели епидемиологот Јованка Стурлакова.frizider

Стурлакова додава дека во Охрид никогаш досега не била изолирана оваа бактерија па затоа апелира кај граѓаните да не се создава паника. Објаснува дека од бактеријата листерија како впрочем и од останатите бактерии можеме да се заштитиме доколку обрнуваме поголемо внимание при  подготовка и консумација на храна, бидејќи летото е период кога почесто се јавуваат заразни болести, кои се пренесуваат преку храна.

Сите свежи прехрамбени производи да се  чуваат во разладени уреди. Да се избегнува подготвување и консумација на храна од свежи и непроверени животински намирници. Храната да се користи веднаш по подготвувањето, а доколку не се употреби веднаш, да се чува на температура од 2 до 8 степени Целзиусови (во фрижидер), и при повторна употреба да се загрее на температура над 70 степени Целзиусови. Неопходно е темелно миење на рацете пред подготовка и пред консумација на храна и почесто миење на рацете за време на подготовка на храната. Темелно чистење на кујнскиот прибор и на работните површини, вели Стурлакова.

Инаку, листеријата се уништува со добра термичка обработка, со печење и варење на храната над 70 степени целзиусови.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top