Нема откажувања на туристичките аранжмани за Грција во охридските агенции

Од грчкото министерство за економија пак испратиле известување до туристичките агенции во кое тврдат дека моменталната ситуација во Грција нема да има никаков ефект врз престојот на туристите во земјата.

 |  Мишел Наумоски  | 
grcija

Нема откажувања на туристичките аранжмани за Грција во контекст на актуелните случувања кај нашиот сосед.

santoriniДодека очите на Европската Унија се вперени кон оваа земја, во екот на летната туристичка сезона, во некои од медиумите се пренесува слика на граѓани кои брзаат да ги повлечат своите парични средства од банките, а проструи и информацијата дека во Грција има недостаток на гориво, како и тоа дека се лимитирани износите на средства кои може да се повлечат од банкоматите. Според дел од туристичките агенции од Охрид кои на клиентите им нудат аранжмани во Грција, оваа ситуација е пренагласена од медиумите. Потенцираат дека имаат позитивни повратни информации од клиентите кои во моментот летуваат таму.

aranzmani grcija„Нема откажувања на аранжмани, се е во ред. Онака како што би требало да течат аранжманите како секоја сезона. Од контактите што ги имавме со клиенти кои се веќе таму, ги прашавме каква е ситуацијата, ни рекоа дека се е во најдобар ред, и посочија дека нема причина за загриженост, туку напротив велат дека добро си поминуваат.“-вели Драгана Ристевска од туристичката агенција „Венус Травел“-Охрид.

Дека нема никакви откажувања на туристичките аранжмани за Грција ни потврдија и од туристичката агенција „Елида Турс“. Од таму велат дека до овој момент сите аранжмани кои биле букирани за таму се реализираат по нормален тек.

odmori grcijaОд туристичката агенција Макс Травел со идентична информација. Од таму велат и дека добиле известување од грчкото министерство за економија во кое се вели дека ситуацијата е нормална, како и тоа дека во земјата има залихи на гориво за наредните седум месеци. Дополнително во известувањето на грчкото министерство за економија се потенцира дека рестрикцијата за повлекување на пари од банкоматите исклучиво се однесува на грчките државјани, а не на туристите. Заменик министерката за туризам Елена Кунтура гарантира дека сите туристи кои ќе престојуваат во Грција нема да ги почувствуваат ефектите од последните случувања во државата и ќе можат максимално да уживаат во нивниот одмор.


 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top