Нема нови рестриктивни мерки, вакцинација на населението од прва половина на април

Останува на сила полицискиот час од 22 до 5 часот, не се воведуваат нови рестриктивни мерки, соопштија денеска министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски на заедничка прес конференција. Според нив, зголемениот број на заболени од Ковид-19 се уште може да се менаџира и во моментов има доволен број на болнички кревети во ковид центрите, а вакцинацијата против Ковид-19 се очекува да започне до првата недела на април.

 |   | 

Нема нови рестриктивни мерки против ковид 19, останува полицискиот час од 22 часот до 5 часот, е заклучокот од денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата. Се наоѓаме во екот на третиот бран од почетокот на пандемијата со раст на активните случаи на повеќе од 5000 само во последниот месец и 1100 хоспитализирани пациенти низ државата. Според здравствените власти состојбата сеуште може ад се менаџира, а за евентуално заострување на мерките ќе се дискутира во почетокот од следната недела.
Министерот кажа дека притисокот врз болниците е голем но дека има доволен број кревети во ковид центрите. На новинарско прашање  дека граѓани заразени со Ковид-19 чекаат низ болничките ходници и не се примат во болниците, министерот кажа дека не е точно.

Апсолутно не е точно дека пациенти не се примаат на хоспитализација. Можно е да има чекање да се ослободи некое место за да се прими друг, или пак, да се случи пренасочување од едно место на друго, но не е точно дека пациенти не се примаат“. –кажа Филипче.

За процесот на имунизација на населението, Филипче денеска рече дека е свесен оти набавката не се одвива како што е посакувано и дека светот буквално „води војна“ за вакцини. Тој додаде дека во тек е вакцинацијата на здравствените работници и дека досега се вакцинирани 5.300 лекари, а преку 130.000 граѓани се пријавиле  за вакцинација.

„Очекуваме да профункционира КОВАКС системот преку којшто би стигнале околу 100.000 вакцини. Во тој временски период интензивно разговараме и со кинеските и со руските претставници за вакцини, ги чекаме и нивните најави. Се уште го немаме точниот датум, но имаме причина да веруваме дека тоа ќе биде некаде до првата недела во април. – рече Филипче.

Во однос на вакцинирањето со вакцината на компанијата „АстраЗенека“, која е прекината во повеќе земји во Европа, Филипче рече дека сите вакцини кои ќе влезат во земјава се безбедни. Додаде дека  земјава ќе се води според официјалните препораки на Европската агенција за лекови (ЕМА) која ги анализира случаите со несакани ефекти од оваа вакцина и на македонскиот Комитет за имунизација. Фиипче доддае дека лично би се вакцинирал со вакцината на „АстраЗенека“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top